16 Декември, 2025
0.1083

ЕП ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАЈЦ - следува гласањето во јули, што можеме да очекуваме?

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2025 11:32

Добивај вести на Viber

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за Северна Македонија во кој се повикуваат властите во Скопје да воведат уставни измени и да го зајакнат владеењето на правото и борбата против корупцијата. 

Во извештајот усвоен во средата, со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“, има пофалби за посветеноста на Северна Македонија кон европската интеграција, но и критики поради високото ниво на корупција и ниската доверба во судството.    

По усвојувањето на документот, Томас Вајц, кој го изготви извештајот за кој се крена „голема прашина“ изрази задоволство бидејќи е изгласан со широко политичко мнозинство.

- Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата на Северна Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување – вели Вајц во изјавата што до медиумите ја достави прес-службата на Европскиот парламент.

Сега останува Извештајот да биде одобрен на пленарно заседание на Европскиот парламент. Следното пленарно заседание на ЕП е закажано за од 7 до 10 јули во Стразбур.

На две места во Извештајот, по најновите измени, директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“, тема што предизвика жестоки реакции од официјална Софија во изминатиот период.   

Во членот 2 од Извештајот, во една точка се наведува:  „(Европскиот парламент...) го повикува Европскиот совет да и даде јавна и недвосмислена поддршка на Северна Македонија дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за влез во следната фаза од преговорите за пристапување по исполнувањето на условите од неговите Заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет".  

Во истиот член, со усвоениот амандман во вторникот на 24 јуни, се наведува следното:  „Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на нацијата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјите и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации".   

Прашање е дали овие членови „ќе го преживеат гласањето" на пленарната седница во Европскиот парламент, откако координаторот на пратеничката група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП),  Михаел Галер најави амандман со кој се бара пред терминот „македонски идентитет и јазик“ да се додаде придавката „модерен". 

Овој амандман на ЕПП, според Галер е поддржан и од групите на Социјалистите и Демократите (СиД), Обнова и Зелените. 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството на ЕПП, додека СДСМ е дел од семејството на СиД.  

Овие четири политички групации имаат мнозинство во Европскиот парламент. 

Дополнително, бугарските членови на Комисијата побараа да биде земено предвид и нивното малцинско мислење во однос на Извештајот.  

Известувачот Томас Вајц, кој доаѓа од партијата на Зелените во Австрија по гласањето изјави дека е горд на фактот што за првпат од 2022 година е усвоен извештај за Северна Македонија.  

„Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го задржиме позитивниот моментум и да го продолжиме процесот на проширување", рече Вајц. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“