18 Декември, 2025
0.0566

ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИТЕ СИПАНИЦИ НИ Е НА ПРАГОТ, А РОДИТЕЛИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД АУТИЗАМ: Опфатот со МРП вакцина е далеку од потребниот

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2023 07:28

Добивај вести на Viber

Во Македонија опфатот со МРП вакцината која штити од морбили, рубеола и заушки е далеку од потребното ниво за колективен имунитет за да не дојде до евентуална епидемија од овие болести. Ова е сериозен аларм здравствените власти во земјава да повикаат на поголема свестност кај родителите кои не сакаат да ги вакцинираат децата со оваа вакцина, плашејќи се од појава на аутистичен спектар. Ценат дека правилното информирање за значењето на вакцината е клучно, наместо информациите кои ги читаат на Интернет.

Сепак, голем дел од младите родители, не сакаат да слушнат да го вакцинираат своето дете.

-Лекарите, посебно педијатрите не убедуваат дека нема конкретни докази кои укажуваат на појавата на аутизмот со примање на МРП вакцина која штити од малите сипаници и од заушките. Напротив, велат дека има случаи на аутистични деца кои не примиле ниту една вакцина, а сепак имаат аутистичен спектар. За нас, родителите секако дека е најважно здравјето на децата, но како да се одлучиме на вакцинација, кога секојдневно се соочуваме со „море“ од разно разни информации. Јас, на пример ќе го вакцинирам моето дете со оваа вакцина откако ќе направи шест години, значи ќе почекам убаво да го развие говорот и сите останати когнитивни функции. За среќа, работам од дома, бидејќи сум ИТ инженер, па не морам да го носам во градинка. Ризикот да се зарази со морбили, рубеола или заушки е сведен на минимум, вели мајка на 3 годишно синче од Скопје.

Последната епидемија на мали сипаници во Македонија беше во 2019 година, но поради нискиот процент на вакцинирани деца се заканува повторно, особено и поради фактот што само пред една недела Романија прогласи нова епидемија во земјата, која исто така се должи на низок опфат на имунизација.

Здравствените ввласти укажуваат дека компликациите од овие болести може да бидат кобни, односно да бидат фатални за невакцинираните деца, а може да имаат и смртоносни последици.

Малите сипаници се предизвикани од вирус кој припаѓа на фамилијата Paramyxoviridae и вообичаено се пренесуваат преку воздушно-капков пат и директен контакт. Вирусот го инфицира респираторниот тракт, а потоа се шири низ организмот.

Девет од десет лица ќе се заразат доколку не се имуни, а се во контакт со заразениот. Значи станува збор за висока контагиозност, односно многу висока заразност.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќето смртни случаи поврзани со мали сипаници се предизвикани од компликации поврзани со оваа болест. Компликациите се почести кај деца на возраст под 5 години или кај возрасни над 20 години. Најсериозните компликации вклучуваат слепило, енцефалитис (инфекција која предизвикува оток на мозокот), тешка дијареа (проливи) следена со дехидратација, инфекции на увото или тешки респираторни инфекции како на пр. пневмонија. Тешките форми на мали сипаници се поверојатни кај слабо ухранети мали деца, особено оние со недостаток на витамин А или чиј имунолошки систем е ослабен од ХИВ / СИДА на пр. или други болести. Во популации каде е висок процентот на недоволна ухранетост и недостаток на соодветна здравствена заштита, до 10% од случаи на мали сипаници резултираат со смртен завршеток. Жените инфицирани во текот на бременоста, исто така, се изложени на ризик од тешки компликации, а бременоста може да заврши со спонтан абортус или предвремено породување. Стекнатиот имунитет од вакцината е траен и повеќето луѓе не заболуваат по втор пат.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми