ЕПИДЕМИОЛОГОТ КОРОВЕШОСКА: Британската мутација се шири во Охрид, од еден се заразува цело семејство, порано не беше така
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2021
Во Охрид
евидентно е зголемен бројот на новозаразени со корона вирусот, вели за Фактор
епидемиологот, д-р. Јованка Стурлакова Коровешоска. Причината за ова, секако е присутноста
на т.н. британски сој, мутацијата на Ковид-19, која што е многу полесно
пренослива.
-Гледаме дека бројките секојдневно растат. И во споредба со претходниот период на пример, ако имаше некој заразен во едно семејство, се случуваше само еден, па дури и ниту еден од членовите да не се инфицира со болеста. Сега ситуацијата е многу поинаква, еден ако заболи, сите во семејството се заразуваат. Станува збор за мутација која многу побрзо се шири, дури и најмал, и најкус контакт може да доведе до заразување, посочува д-р. Коровешоска.
Како проблем поврторно го истакнува криењето на контактите од страна на оние кои веќе се регистрирани како новозаразени, иако како што вели, епидемиолозите ги прават сите напори за да дојдат до потребните информации за нивните контакти.
-Не можам да разберам како кажуваат дека немале контакт со домашните, со најблиските, сопругот, сопругата, децата. Можеби ќе ви звучи смешно, но имав ситуација кога една од пациентките велеше: немав контакт со никого, ниту со свекрвата, а само по една недела ете ја свркрвата доаѓа болна од ковид и со тешка склиничкја слика завршува во болница. Сакам да речам, дека не смее да се кријат контактите, некој многу побрзо ќе се излекува ако навреме е кажано, реагирано, и.т.н, истакнува огридскиот епидемиолог Коровешоска.
Истовремено вели дека не е се уште вакцинирана, бидејќи предност имаат колегите од ковид-болницата, но се надева дека брзо ќе дојде и нејзиниот ред. Потенцира дека вакцинацијата е единствениот начин да се победи секоја пандемија, не само оваа со која сега се соочува светот.
-Вакцинацијата е накефикасниот, но би рекла и најефтиниот начин да се запре ширешето на вирусот и секако да се спасат човечки животи, вели д-р. Коровешоска.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.