25 Ноември, 2024
0.0403

ЕПИДЕМИОЛОГОТ СТОЈАНОВ ЗА ФАКТОР: Сега е моментот да се донесе која било вакцина, да не се губи време во бирократија

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Вакцините на Фајзер во Европа доцнат бидејќи производителот најави застој во производството, по што дел од европските држави, пред сè Шведска, најавија судски тужби. Нашите здравствени власти, во услови кога има недостиг од вакцината која ја преферира западот најавија дека почнале преговори за набавка на 200.000 дози од кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“. За разликите меѓу двете вакцини, Фактор разговараше епидемиологот д-р. Сашо Стојанов, долгогодишен експерт во областа на имунизацијата и голем поборник за вакцините. Вели дека сега е момент кога во земјава треба да се донесе која било вакцина, посочувајќи дека не треба да постои сомнеж во квалитетот на вакцините од кој било производител.

-Не треба да имаме сомнеж во вакцините, многу поголем е бенефитот да се вакцинирате, отколку да не се вакцинирате. Несаканите дејства од која било вакцина против корона вирусот, ако се појават, се минорни во однос на несаканите дејства ако се заразите од Ковид-19. Проблемот кај нас е што сè уште немаме никаква вакцина и лично сметам дека не треба да се губи време во административните работи, вели д-р. Стојанов.

Во однос на разликите меѓу вакцините, д-р. Стојанов вели Западот ја преферира фајзеровата, но смета дека логистиката за нејзина дистрибуција и чување е премногу захтевна.

-Освен тоа, откако ќе се извади од фрижидерите од – 70, треба да се потроши во рок од 3 до 5 дена. Вакцината на Модерна, пак, се чува на -20, и тоа не е малку, додека пак останатите на АстраЗенрка, руската Спутник V и кинеските се чуваат на традиционален начин, како сите останати вакцини на температура од 2 до 8 степени. Моето искуство со кинески вакцини е навистина позитивно. Во Центарот за јавно здравје вакциниравме неколку години по ред против сезонскиот грип и навистина немаше појава на несакани дејства кај граѓаните кои секоја година се вакцинираат против сезонската инфекција. Инаку кога говориме за тоа како се направени, станува збор за две различни платформи. Вакцината на Фајзер и Модерна се генетски модифицирани вакцини, односно мРНА вакцини со ефикасност од над 90 отсто откако ќе се прими втората доза. Кинеските вакцини, пак, се традиционални направени од ослабени делови од корона вирусот и даваат заштита од 80 до 90 проценти. Јас сметам дека кинеските се можеби и подобри од мРНа вакцините, но сега за тоа воопшто и не треба да се зборува. Важно е да имаме барем некоја од вакцините, вели д-р. Стојанов.

Епидемиологот посочува дека сè уште не сме излезени од кризава, напротив, самите бројки, иако има благо опаѓање покажуваат дека состојбата е сè уште сериозна и дека не би требало административните работи во однос на регистрација и увоз на вакцините да бидат пречка, што побрзо да се донесат.

-Воопшто не е важно што Европската агенција за лекови (ЕМА) не регистрира лекови, во случајов вакцините од Кина или Русија. Секоја земја си има своја сопствена процедура. Кај нас МАЛМЕД ги прави сите тие работи и доколку од нивна страна се завршат сите контроли и проверки за  квалитетот на вакцините, не постои законска пречка да се донесат. Но, навистина треба брзо да се реагира. Гледаме дека Ковакс системот не профункционира до сега, гледаме дека вакцините на Фајзер доцнат секаде во Европа, се испорачуваат многу помалку дози од тоа што земјите го договориле, затоа треба што побрзо да се организираме и да ги донесеме вкацините од кинеските производители, истакнува д-р Стојанов во нашиот разговор.

Инаку, и министерот за здравство, д-р. Венко Филипче, вчера во вестите на Канал 5 посочи дека Македонија има начин да увезе од  која било вацкина.

-Вакцините се нов продукт, истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот, рече Филипче, посочувајќи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина туку е пракса години наназад. 

- Регистрацијата е процес кој зависи од земјата која тој препарат го увезува. Тој процес не е задолжителен и не е гаранција за квалитетот на производот, тоа е разгледување на документите кога се внесува еден препарат, лек, вакцина во земјата. Во таа смисла имаме начин да се увезат вакцините од било кој производител, тоа е со интервентен увоз и тоа така историски наназад се правело, не само со вакцини туку и со многу други лекови. Сите прозиводители кои нудат вакцини на пазарот, имаат документи кои го гарантираат квалитетот на вакцината. Во ниту една земја вакцините не се регистрирани затоа што се нови продукти и тоа е неверојатно да се случи во краток временски период. Тоа секако ќе се случи, но првите вакцини ќе влезат со интервентен увоз, истите се проверени од своите национални институции и таму каде се произведени. Веќе во српската агенција зе лекови се објавени документи, дека таков како што е капацитетот на нивната лабараторија, е тестирана кинеската вакцина не станува збор за целосно тестирање, туку на одредени параметри и тие кои може таму да се тестираат се солидни. Таа вакцина е сосема безбедна да се користи, истакна министерот Филипче.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик