ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Дискотеките и клубовите ќе го зголемат бројот на заразени, можно е засилување на рестриктивните мерки
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020
Здравствените власти во наредниве денови очекуваат зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот, нагласувајќи дека сликите од преполни дискотеки, ноќни клубови, свадби се нешто што не смее во моментов да се случува. Велат дека подолго време имаме постојано трицифрен број на дневна основа, што според нив единствено се должи на непочитувањето на мерките и протоколите во време на пандемија. Во текот на оваа недела, како што вели за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов, ќе се покажат и новозаразени од изборната кампања.
-Групирањата на повеќе луѓе се изворот на заразата. Тоа е недозволиво во момент кога бројките кај нас на новозаразени се трицифрени многу долг период. Ноќни клубови, дискотеки, свадби, сите такви масовни собирања, немаат дозвола за тоа. Прашањето е како е дозволено да работат до 5.00 часот сабајле. Овие денови очекуваме уште поголеми бројки и поради изборната кампања. Сигурно, од таквите активности ќе се покажат последиците, особено во помалите места каде што граѓаните не се замараат дали се носта маски и се одржува потребното безбедно растојание. Јас, како епиедмиолог сметам дека треба да размислуваме како да се отворат градинките и училиштата, а не да се прават забавите до сабајле. Па може да се воздржат младите од такви собирања. Епидемиолошката слика покажува дека во последниов период се регистрираат се поголем број млади со Ковид-19, за среќа со полесна клиничка слика. Се помал е бројот на возрасните, но тие пациенти речиси без исклучок се со тешка клиничка слика. И покрај тоа што најавуваме дека нема да препорачуваме дополнителни рестриктивни мерки, сите опции се отворени. Не доведуваат во ситуација да кажеме дека локалите може да работат само до 21.00 часот и ништо повеќе, вели д-р. Стојанов.
Истовремено, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски потенцира дека токму денеска (недела) имааат дојава дека во Гиновци се прави свадба со 120 луѓе.
-Освен паричните казни од по 2 и пол илјади евра, проднесовме и кривични пријави, бидејќи ноќните клубови немаат дозвола за работа се уште. Таков е случајот со дискотеката Аватар во Струмица, Калипсо во Прилеп и едно кафуле со базен во Виница кое исто така работеше како ноќен клуб. Едноставно не можам да ја разберам дрскоста за непочитувањето на законите, мерките, протоколите. Потоа бројката се зголемувала, па како нема да оди нагоре. Непослушноста ги преминува сите граници. Инспекторите се постојано на терен, регистрираме еден куп неправилности. Навистина загрижува што и по пет месеци од епидемијата, граѓаните не се сериозни и поради нивни задоволства во опасност доведуваат уште поголем дел од граѓаните во земјава, истакнува Пауновски.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Сител, најави дека Македонија има потпишано писмо до Светската здравствена организација за распределба и дистрибуција на вакцината кога ќе биде на располагање за масовна употреба.
-Во моментов, доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка која може да дојде во предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети. Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението, истакна министерот Филипче.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.