ЕПЛ ќе ги претстави трите нови модели на „iPhone“ оваа година
Објавено во: Мои пари 26 Март, 2015 19:56
Оваа година „Apple“ може да претстави вкупно три нови модели на „iPhone“. Еден од нив може да користи 4-инчен дисплеј, соопштува интернет изданието „Apple Insider“.
Информацијата е на тајванското списание „DigiTimes“, кое се повикува на свои извори во дистрибутивната мрежа.
Според нив двата модели на „iPhone“ ќе се со нов процесор и подобрени спецификации, и ќе се викаат соодветно „iPhone 6S“ и „iPhone 6S Plus“.
Тие ќе ги користат истите димензии на дисплеите како сегашните модели, односно 4.7-инчен и 5.5-инчен екран. Ќе се потпираат и на процесорот A9, кој ќе биде претставен заедно со нив.
Третиот модел ќе го носи името „iPhone 6C“. Тоа е своевидно враќање на палетата „c“, која опстои на кратко со „iPhone 5c“. Овој „iPhone“ ќе ја користи сегашната генерација на процесор A8 наместо новиот. Останува нејасно дали поклопот на смартфоните ќе биде метален или пластичен.
Изворите за весникот тврдат дека и трите нови модели на „iPhone“ ќе имаат „NFC“, сензорот за отпечатоци „Touch ID“ и најновата генерација на платформата „iOS“. Очекувањата се дека „iPhone 6C“ ќе биде претставен како „буџетски“ модел.
Редно е да се напомене дека „Apple“ често порачува делови за своите прототипи од своите дистрибутери, но тоа не значи дека планира да лансира сличен паметен телефон во продажба. Се разбира, компанијата одбива да даде коментар на оваа тема.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




