„Епл“ во подготовки на паметниот часовник „АјВоч“

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2012 11:28
Американската компанија „Епл“ работи на создавање паметен часовник „АјВоч“, објави американскиот бизнис портал „Бизнис Инсајдер“.
Според информациите на порталот „Епл“ соработува со „Интел“ на развој на часовникот. Извори од синџирот за набавки на компанијата за кинескиот блог „Tech163.com“ потврдиле дека часовникот ќе има „блутут“ и спортски екран ОЛЕД од 1,5 инчи. Паметниот часовник „АјВоч“ треба да биде претставен во првата половина на идната година. Аналитичарот Џен Мунстер смета дека „Епл“ би можел да влезе во линија на компјутери кои се носат на рака.
Порталот „Бизнис Инсајдер“ наведува дека, иако информациите доаѓаат од блог и се во фаза на гласини, паметните часовници претставуваат уште еден простор во кој „Епл“ би можел да најде сериозен интерес и побарувачка.
Можеби ќе ве интересира
Придружете се на младинско движење за интернет без омраза
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје
