ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

Објавено во: Свет 11 Септември, 2024 17:05
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Крим мора да ѝ се врати на Украина.
Ердоган ја потврди цврстата поддршка на Турција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја континуираната поддршка за правата на Кримските Татари.
„Нашата поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива. Враќањето на Крим на Украина е барање на меѓународното право“, изјави Ердоган во видео пораката на Четвртиот самит на лидерите на Кримската платформа.
Тој го истакна ставот на Турција за Крим, нагласувајќи дека нејзиното враќање во Украина одговара на меѓународните правни стандарди, посочувајќи на трајната болка што ја трпат кримските Татари, чие страдање трае веќе осум децении.
„Верувам дека ќе продолжат да се преземаат дополнителни чекори за зајакнување на правата на Кримските Татари во наредниот период“, рече Ердоган.
Турскиот претседател им се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на лидерот на кримските Татари, Мустафа Абдулчемил Киримоглу за нивната улога во организирањето на самитот, кој ја одбележува 80-годишнината од протерувањето на Татарите на Крим.
Тој исто така нагласи дека Турција никогаш не ја признала анексијата на Крим, што дополнително ги влошило страдањата на луѓето во тој регион.
Ердоган вели дека кримските Татари треба да живеат „слободно, безбедно и мирно во својата татковина“. Украина претходно тврдеше дека ќе се врати на границите од 1991 година, односно дека ќе го врати и Крим, кој Русија го анектираше.
Можеби ќе ве интересира
АМЕРИКА ГО НАПАДНА ИРАН! Погодени најголемите нуклеарни објекти - „Сега е време за мир“, порача Трамп

ДАЛИ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА НА РЕЖИМОТ НА ИРАН? Нема да капитулира и ќе продолжи да се брани

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша
