Ердоган: Европа си игра со змијата, која ќе ја касне
Објавено во: Балкан 18 Март, 2016
Турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини Западот за недостаток на принципиелност во борбата против тероризмот и изјави дека Европа танцува на минско поле, пренесе ТАСС. Тој истакна дека иако ЕУ ја објави ПКК за терористичка организација, Унијата не води борба против неа.
Без разлика колку терористички организации има во нашиот регион, сите тие се обединети против Турција, а Западот не демонстрира принципиелност во борбата против нив. Земјите од ЕУ дејствуваат лекомислено и ќе танцуваат на минско поле, предупреди турскиот државен лидер.
Бомбата која експлодира во центарот на Анкара, можеше да се разнесе и во Брисел, рече Ердоган. Вие си играте со змијата, која секој момент може да ве касне. Но ќе дознаете кога бомбите почнат да газат во вашите градови, но тогаш веќе ќе биде доцна, предупреди турскиот претседател.
Коментирајќи ги критиките на европските земји кон Турција во однос на миграциската политика и почитувањето на човековите права, Ердоган ја повика ЕУ прво да гп разгледа сопствениот однос кон бегалците. Тој, сепак, додаде дека Анкара ќе го слуша во секоја критика, ако таа е коректна.