16 Декември, 2025
0.0287

Ердоган фатен на дело – со син му се договарале како да се ослободат од милиони евра?

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2014 11:46

Добивај вести на Viber

Нов скандал го тресе турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, откако во јавноста се појавија аудио снимки на кои наводно тој се договара со неговиот син како да се ослободат од огромните суми пари стекнати со корупција, кои се наоѓале во нивниот дом. Станува збор за милионски суми евра, кои двајцата се договараат како да ги расчистат, во екот на полициската истрага за корупција во турската Влада. Ердоган тврди дека снимките не се автентични, туку дека се „лажни и производ на неморална монтажа“, а најавува и дека оние кои ги поставиле на Јутјуб ќе одговараат за „валкана завера против Турција“. Во корупцискиот скандал што кон крајот на минатата година започна да ја тресе турската Влада, беа уапсени синовите на неколкумина министри поставени од Ердоган. Тој отфрли секаква вмешаност во случајот. На аудио снимката објавена на Јутјуб, наводно, Ердоган и неговиот син се договараат како да ги испразнат сефовите во домот, а парите да ги префрлат на друго место. Притоа, во еден момент, турскиот премиер му кажува на синот да ги предупреди и сите поблиски роднини да го направат истото. Аудиото можете да го слушнете на следниот линк: http://www.youtube.com/watch?v=M3lFQxhaeDE А преводот на англиски јазик ќе го најдете ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството