16 Декември, 2025
0.0928

Ердоган го блокира Твитер, Турците му тераат инает

Објавено во: Балкан 21 Март, 2014 19:39

Добивај вести на Viber

Популарната мрежа Твитер не е достапна во Турција. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган беше сериозен кога се закани дека ќе ја блокира оваа платформа, која често се користи за негова критика и ширење на информации за наводни коруптивни активности во власта. Според податоците на турските телекомуникациски власти, судот наредил блокада, бидејќи платформата ги повредувала правата и приватната сфера на турските државјани. Твитер се противел да ги следи одлуките на турските судови, затоа морало да бидат спречени натамошни кршења на правните одредби. Но, твитер заедницата во Турција не се предава лесно. Па така, само неколку часа по објавата на блокадата, Твитер објави инструкции за своите корисници во Турција како можат да ја заобиколат ваквата забрана. Набрзо потоа, твитерџиите пуштиле дури 2,5 милиони твита или микробологови, што е своевиден рекорд за оваа земја. Во медиумите беа објавени и голем број карикатури кои ја исмеваат желбата на турскиот премиер да го контролира Твитер и социјалните мрежи воопшто. Со забраната не се согласува ниту турскиот претседател Абдула Ѓул, кој токму користејќи ја оваа платформа испрати порака дека целосното исклучување на Твитер во турција не е прифатливо и оти тој се надева дека оваа постапка набрзо ќе биде исправена.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството