Добивај вести на Viber
Ако партијата побара, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе се кандидра на претседателските избори догодина. Лидерот на Партија на правдата и развојот (АКП), нема да може да тера нов премиерски мандат. Ердоган цела деценија е на чело на земјата и според статутот на АКП неможе да се кандидра на парламетарните избори и во 2015 година.
Засега тој не дава одговор дали ќе се кандидира или не на претседателските избори.
Во меѓувреме тој најави многу реформи, како и таа за намалување на редовниот воен рок на 12 месеци, од сегашните 15 месеци. Проектот не предвидува промена на краткиот воен рок за студенти, кој е шест месеци.