16 Декември, 2025
0.1512

Ердоган остро кон Израел: „Го критикувате Хитлер, а вие сте полоши!“

Објавено во: Свет 21 Јули, 2014 13:17

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган упати остра порака до израелските власти заради воената интервенција во Појасот Газа. Според него, Израел со нападите врз цивилното население во Газа „го надминал Хитлер“. „Во името на Бога, во што е разликата меѓу злоделата на Хитлер и ова што го прави Израел? Зошто се вознемируваат? Израелците треба да бидат задоволни со оваа моја споредба. Им се обраќам на израелските власти - вие правите многу полоши работи кон Палестина од оние што Хитлер им ги направил на вашите предци. Колку и да било тоа ужасен геноцид, ова што ти го правиш е полошо. Па во што е разликата меѓу реториката на Хитлер и ова што го зборува денеска младата израелска парламентарка, која кажа дека треба да се убијат сите палестински мајки и дека убиството на палестински трудници е - две глави со еден куршум“, рече Ердоган, говорејќи како кандидат на предизборен митинг во турскиот град Хатај. Нагласувајќи дека Турција е против хитлеровото зло и против антисемитизмот, Ердоган порача дека истовремено Турција е и против државите како Израел кои „одат по стапките на Хитлер“. „Колку што сме против антисемитизмот, толку се противиме и на исламофобијата. Затоа ќе бараме правда гласно колку што можеме. Израел најостро ќе го осудуваме, па и ако тоа му смета некому. Ќе продолжиме да го штитиме палестинското прашање“, рече Ердоган. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху смета дека споредбата на офанзивата на Израел го Газа со геноцидот извршен од Хитлер за време на Втората светска војна е токму „во духот на антисемитизмот“. Слушнав што кажал турскиот премиер. Тоа се многу тешки зборови. И на американскиот државен секретар Џон Кери му кажав дека тоас е антисемитски изјави, во антисемитски дух“, рекол Нетанјаху.  

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица