Добивај вести на Viber
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган се согласи да бидат прекинати плановите за реконструкција на истанбулскиот парк Гези, каде веќе две недели се одржуваат антивладини протести.
Демонстрантите го поздравија ставот на премиерот, оценувајќи го како „позитивен“.
- Позитивен резултат од синоќешните разговори меѓу Ердоган и претставници на демонстрантите е тоа што премиерот изјави дека проектот нема да продолжи пред конечната судска одлука, истакна портпарол на еколошкото движење „Солидарност со Таксим“.
Западните медиуми оценуваат дека ветувањето за почитување на судската одлука се смета како победа на демонстрантите, кои одбиваа да се повлечат од паркот по понудата на Ердоган за одржување референдум за плановите за реконструкција.
Според плановите на власта, на местото на паркот со околу 600 дрвја би била изградена касарна од времето на Отоманската империја