Ердоган: За 24 часа властите ќе го расчистат плоштадот Таксим од „немирите“
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2013
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во следните 24 часа властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од „немирите“.
Предупредувањето доаѓа за помалку од еден ден откако происламската партија на Ердоган, Партијата на правдата и развојот, предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој се наоѓа до плоштадот Таксим, што доведе до масовни протести.
Според турските медиуми, премиерот веќе му издал наредба на Министерството за внатрешни работи „во рок од 24 часа да им биде ставен крај на дејствијата на провокаторите кои се судруваат со полицијата“.
Пред градоначалниците од својата партија, Ердоган денеска изјави дека нема да ја прифати резолуцијата на Европскиот парламент за случувањата во Турција.