16 Декември, 2025
0.0313

Ердоган за заложничката криза: Ова е случај кој треба да се разгледа и да се извлече поука!

Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 14:12

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во текот на посетата на Романиај, во врска со заложничката криза во Истанбул во која поради тешките повреди почина обвинителот, истакна дека е потребно внимателно да се разгледа овј случај.

„Во овој насатан не постои ништо што може лесно да се сфати. Ова е случај кој треба внимателно да го разгледаме и да извлечеме пука. И честитам на полицијата на операцијата. Тие веднаш откако слушнале пукање отишле на местото и го направиле она што е потребно“, рекол Ердогам.

Нагласил дека после овој случај е потребно да се разгледа начинот на кој може да се влезе во судот и кои процедури е потребно да се воведат за да се спречат слични инциденти.

„После ова што се случило, потребно е да се разговара за прашања како што се влегувања на надвокати и други вработени во судовите, и кои процедури ќе бидат направени. Потребно е ова детално да го разгледаме“, рекол Ердоган.

Истанбулскиот главен обвинител Мехмет Селим Кираз кој терористите го држеа како зложник им подлегна на повредите во болницата во која тешко повреден беше префрлен. Шефот на истанбулската полиција Селами Алтинок претходно изјави дека двајца терористи смртно настрадаа во текот на полициската акција. Операцијата, како што е кажано, траела осум часа.

Непознатите напаѓачи за заложник вчера го земаа јавниот обвинител Кираз во неговата канцеларија во Истанбул. Тие влегле во канцеларијата на обвинителот на шестиот кат од зградата на Судот во Истанбул и го земале како заложник. Претходно со оружје се закануваа и од канцеларијата го одвлекоа соработникот на Кираз.

На местото на инцедентот стигна полицијата, која се обиде да ја отвори вратата на канцеларијата, а во тие моменти се слушнаа две пукања . Зградата е евакуриана, а полицијата брзо презела максимални мерки за безбедност и покренала акција за олсободување на заробениот обвинител.

Станува збор за обвинител од Оделот на истанбулското обвинителство за процесирање на службеници, кој води истрага за смртта на Беркин Елван, момчето кое настарда во текот на протестите во паркот Гези во јуни 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството