20 Декември, 2025
0.0438

Ергените и старите моми да плаќаат данок на државата – граѓаните со свои идеи очи во очи со министрите

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2013 18:24

Добивај вести на Viber

Законска гаранција за згрижување од страна на државата на семејствата на сите што ќе загинат за нејзина одбрана, немажените и неженетите вработени лица да плаќаат данок во износ од 40 проценти од просечната плата во државата, Владата да спроведе тестирање за македонските експерти. Ова се само дел од идеите кои граѓаните денеска ги изнесоа пред премиерот и министрите во просториите на Владата. Интерес за традиционалната манифестација „Ден на идеи“, што се одржува по седми пат, годинава имаше од над 250 граѓани. Граѓаните традиционално најмногу сакаа да ги претстават идеите пред премиерот Никола Груевски и неговите заменици од областа на економијата и финансиите. Според Јосиф Билински, член на Здружението на пензионери интелектуалци од Скопје, Владата треба да овозможи снимање серијал за животот и делата на, како што рече, поетите револуционери од вториот Илинден. - На пример може да се направи една серија само за Кочо Рацин и за неговата љубов со Раца бидејќи презимето го добил од нејзе, односно, за целиот негов живот. Има и споменици и Рацинови средби, но друго е кога ќе се направи серија. Тоа може да се направи и за Коле Неделковски и Ацо Караманов, изјави Билински. Инжинерот Коце Николов, пак, предлага Владата да спроведе тестирање за македонските експерти со цел да се зголеми нивното ангажирање во производствениот сектор. - Ако имаме кадар од странство за производство, зошто да не ги ангажираме нашите што ги имаме овде, со тоа што би направиле тестирање, изјави Коце Николов од Скопје. Портпаролот на владата, Александар Ѓеорѓиев изјави дека за годинашната манифестација е карактеристично што има најава за многу граѓани кои сакаат да разговараат за проекти од областа на иноваторството и претприемништвото, со оглед дека се основа фонд за иновации и технолошки развој што треба да стартува со работа на почетокот на годината. - Нема министер што не доаѓа во контакт со граѓаните. Има интерес за сите ресори и за сите министри, а некои од граѓаните сакаат да разговарат и со повеќе министри и тоа им е овозможено бидејќи со повеќе идеи ќе има повеќе проекти за реализирање и правење квалитетни мерки од кои понатаму ќе имаат корист што повеќе граѓани, изјави Ѓорѓиев. Сите идеи од граѓаните што се собираат на Денот на идеи се разработуваат од страна на институциите, а оние за кои ќе се процени дека може да се реализираат се доразработуваат за наоѓање начин за финансирање, се определуваат носители на реализацијата, роковите за спроведување.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии