Ерупција на вкусови со „Волкано“ - новото премиум вино на „Монтеко“
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2025 15:09
Винаријата „Монтеко“го претстави своето ново премиум вино - „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје.

Ова премиум вино е каберне совињон одгледувано на вулканска почва, на 600 метри надморска височина. Се работи за берба од 2023 година, а серијата е лимитирана на5.997 шишиња. „Волкано“ е вино што ја отсликува суштината на тероарот од кој потекнува, додека во себе носи впечатлива енергија од земјата на која што се одгледува грозјето.

Бербата е рачна, изведена во ладните утра на средината на октомври, исклучиво од сопствените лозја. Ова каберне совињон се издвојува по аромата на свежо црвено овошје, испреплетена со зачини и црн бибер, како и со вкусот на темни бобинки обвиени во комплексни ноти од француски даб. Резултатот е елегантно и провокативно вино, со потенцијал за благороден развој во шишето.

Во винаријата „Монтеко“, секоја фаза од создавањето на виното е резултат на длабока посветеност, експертиза и страст. Од прецизната селекција на грозјето, до примената на највисоки технолошки стандарди, тимот на „Монтеко“ создава вина што креираат уникатно искуство и преку кои се остава автентичен печат на македонскиот тероар. Со „Волкано“, винаријата уште еднаш го потврдува својот фокус на квалитет, иновација и почит кон природата, создавајќи вино што ќе остане запаметено по својата моќ, елеганција и еруптивен карактер.

Повеќе информации за винаријата се достапни на интернет-страницата monteko.mk.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





