ЕСЕН Е ВРЕМЕ ЗА СТАРТ: Профитабилен агробизнис со заработка од 6.000 до 7.000 евра!
Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2015 10:02
Садникот е едногодишен и истиот треба да пророди после втората година откако е засаден, а од 3-4 година ќе почне да го зголемува капацитетот на раѓање.[/caption]
Им препорачувам на сите оние кои планираат да садат лешници оваа година да си направат анализа на почвата за да знаат понатаму со какви ѓубрива да ја прехрануваат земјата за правилно да се одгледуваат насадите. Најважниот услов при одгледувањето на лешниците е водата, сонцето и прихраната со ѓубрива. Земјиште треба длабински да се изора, до 50 сантиметри во длабочина. Откако земјиштето убаво ќе се изработи, се пушта тањирача за да се израмни површината за да може потоа да влезе возило кое би ги ископало дупките за насадот. Јас во мојот случај дупките за насадот ги копав со багер (50 сантиметри ширина, 50 сантиметри длабочина). Откако ќе се направат дупките се става една до две лопати шталско кравјо прегорено ѓубриво. Потоа ѓубривото се покрива со 3-4 лопати земја и се става садникот за да се засади на длабочина од 40 цм. На садниците им се става земја и убаво се тапкаат за коренот да не прима воздух. По овие постапки, на крај се додава 10 литри вода по садник, вели Саше Крстевски, производител на оваа сорта на лешници и овластен застапник за садници.
Садникот е едногодишен и истиот треба да пророди после втората година откако е засаден, а од 3-4 година ќе почне да го зголемува капацитетот на раѓање. Лешникот е дрво кое живее од 70- 100 години, а раѓаат плод од 50-70 години. Според стручната литература, во полн род од едно стебло се добиваат 8-12 килограми. Во зависност од формирањето на круната, густината на садење, староста, сортата и агротехничките мерки, лешникот има род од 2,2 тона па до 3,6 тони по хектар.
Профитабилен агробизнис со заработка од 6.000 до 7.000 евра
Крстевски има засадено 1.000 садници со лешници од оваа италијанска сорта, а годинава планира да ја зголеми површината, поради профитабилноста на овој бизнис.
[caption id="attachment_175843" align="alignright" width="421"]
Крстевски во соработка со италијанските откупувачи во Виница на 1.200 метри квадратни градат откупен и преработувачки капацитет.[/caption]
Годинава дел од поголемите светски производители на лешници имаа намалено производство поради што малопродажната цена на лешниците драстично се зголеми. Во моментов килограм лешници се продава од 160 до 180 денари. За граѓаните прескапо, но за производителите тоа значи поголем ќар. Откупната цена за килограм некршен лешник е 5 евра.
- Пред да почнеме да увезуваме садници имавме засадено тест садници во Виница за да видиме како ќе напредуваат. После двегодишен надзор од италјанскиот агроном на тест садниците, тој воочи дека Македонија е идеално подрачје за одгледување на оваа италијанска сорта на лешници “ТОНДА ЏЕНТИЛЕ ДЕЛЛА ЛАНГЕ”, бидејќи имаме долги и топли лета и доволна количина на вода, како и добра вегетација. Се надевам на добра заработка бидјќи ја знаеме како се движи цената во моментот на берзата. Првата продажба се очекува за следната година, бидејќи насадот ќе биде во четврта година. Очекувам од едно стебло до 0.5 до 1 килограм лешници.
Јас располагам со 1.000 садници, а есенва ќе засадам над 1.000 нови садници. Малопродажната цена е сеуште висока, бидејќи Турција која е најголемиот одгледувач на лешници, годинава не може да ги задоволи своите потреби за лешник и затоа цената на лешникот е толку висока. Овој агробизнис е исплатлив бидејќи вложуваш околу 2.500 евра во првата година по хектар, а очекуваш од шестата до седмата година 6000-7000 евра профит по хектар, и како понатаму ќе напредуваат стеблата ќе се зголемува и заработката, вели Крстевски.
Еве за што и колку чини инвестицијата:
- 600 садници = 1.800 евра
- За риголовање =350 евра
- За ископување на дупки =200 евра
- Прегорено ѓубре =50 евра
- Работници =100 евра
Италијанците пресметале дека поевтино ќе ги чини ако откупуваат лешници од Македонија, отколку од Чиле, Аргентина и други подалечни земји за што имаат огромни транспортни трошоци.[/caption]
Лешниците ќе се пласираат во италијанската компанија Ferrero и се користат за производство на познатиот чоколаден крен Нутела.
-Во тек е изградбата на откупниот центар кој се наоѓја во Виница и е на површина од 1.200 м2. Во моментот се работи на темелите и столбовите, со тоа што планираме до есен да завршиме со изградбата и догодина да стартуваме со откуп. Бидејќи сортата на лешници е италјанска и самиот род ќе оди за италјанскиот пазар. Садниот материјал нашите клиенти го добиваат со италјански сертификат и договор за откуп на родот. Р. Македонија е идеално подрачје за одгледување на лешникот..
Најголеми производители на лешници во светот се Турција, Италија, Грција и САД. Сепак лидер во ова производство е Италија. Но поради големата побарувачка постојано има недостиг на лешници. Италијанците пресметале дека поевтино ќе ги чини ако откупуваат лешници од Македонија, отколку од Чиле, Аргентина и други подалечни земји за што имаат огромни транспортни трошоци.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





