15 Декември, 2025
0.0370

ЕСМ купува јаглен од концесионер кој копа во близина на РЕК Битола

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

ЕСМ склучи договор за купување на 250.000 тони јаглен за потребите на РЕК Битола со ЏМП Коп Интернатионал.

Оваа фирма, во сопственост на Дриљон Ајдини и Панајотис Анастасијадис, од април 2022 има концесија да ја ископува оваа руда во Живојно, општина Новаци, каде што се наоѓа самиот рударско-енергетски комбинат на ЕСМ.

Договорот е склучен на 15 јануари за 250.000 тони јаглен по договорна цена по 400 денари од гигаџул. Вообичаено досегашните набавки на јаглен за РЕК Битола одеа преку „Протергија Енерџи“ во сопственост на грчки Митилинеос. 

Инаку ЏМП Коп Интернатионал поголеми приходи започнал да запележува дури од 2023 по добивањето на концесијата. Во 2023 има прикажани приходи од 80-тина милиони денари, а претходно тие биле незначителни.

Оваа фирмаи нејзините претставници беа под истрага од Обвинителството затоа што во периодот од ноември 2022 до 3 март 2023 го оштетиле археолошкото наоѓалиште Влахо во Живојно. Следуваа и санкции поради тоа.

Истовремено ЕСМ три месеци нема пронајдено нов редовен партнер за ископ на јаглен во рудниците што се во негова сопственост во РЕК Битола, откако беше раскинат договорот со „Марковски компани“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите