ЕСМ ОБЕЗБЕДУВА ПАРНО ЗА НАЈГОЛЕМ БРОЈ СКОПЈАНИ - За производство на енергија се користи исклучиво гас
Објавено во: Економија 22 Мај, 2023
Најголем дел од корисниците на парно во Скопје, енергија добиваат од ЕСМ Снабдување со топлина, кои до крајот на 2022 година обезбедиле топлинска енергија за 57.546 потрошувачи. Останатите снабдувачи обезбедуваат енергија за скоро пет илјади домаќинства, или поточно ЕСМ Подружница Енергетика за 4.011 потрошувачи, додека Секопје – Север за 501 потрошувач.
Домаќинствата се најголемите потрошувачи на топлинска енергија, и тие користат 77 проценти од испорачаната енергија во главниот град. Категоријата останати потрошувачи трошат 23 отсто од произведената енергија. Ова го покажува годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика.
Воедно податоците кои ги објавува РКЕ покажуваат дека минатата година цената на топлинската енергија вивнала. По неколку континурани години во кои имало намалување на цената, во текот на 2022 година таа драстично прасна.
Регулаторите укажуваат дека „поради големите промени на цената на природниот гас на меѓународните пазари, се извршија две вонредни промени на цените на топлинската енергија и тоа водекември 2021 година и повторно во јануари 2022 година. Дополнително во јули 2022година се донесе одлука за цени во редовна постапка.Со последната одлука за цена од јули 2022 година просечниот надоместок затоплинска енергија за најголемиот систем кој што сега го управува ЕСМ Снабдување сезголеми за 14,18 отсто, кај АД ЕСМ Подружница Енергетика 15,58 проценти, а кај Скопје Север за16,31 отсто“.
Како што посочува РКЕ во извештајот, на територијата на Град Скопје во функција се три регулирани производители натоплинска енергија и еден нерегулиран производител на топлинска енергија. РКЕ на 20 јуни 2022 година донесе Одлука запрестанок на важење на одлуката за издавање на лиценцата за вршење на енергетскадејност регулирано производство на топлинска енергија врз основа на Барање запрестанок на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство натоплинска енергија, поднесено од страна на Производство на топлина БЕ ДООЕЛ Скопје.
- Со цел за обезбедување на непрекинато функционирање на системот за топлинска енергија, како и сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на подрачјето на Град Скопје, Владата на ЕСМ ПРОДАЖБА со Одлуката мунаметна обврска заобезбедување регулирано производство на топлинска енергија. Регулаторната комисија на 14 октомври2022 година, донесе Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејнострегулирано производство на топлинска енергија на ЕСМ ПРОДАЖБА – потсетуваат регулаторите.
Капацитетите за производство на топлинска енергија на ЕСМ ПРОДАЖБА се:Топлана Исток со производен капацитет од 279 MW, лоцирана во Општина Гази Баба иТоплана Запад, со производен капацитет од 171 MW, лоцирана во Општина Карпош.Вкупниот активен производствен капацитет на топланите со кои управува ЕСМ ПРОДАЖБА е 450 MW. За производство на топлинска енергија се користи природен гас.
Комбинираниот производител на топлинска и електрична енергија ТЕ-ТО АДСкопје има производен топлински капацитет од 160 MW, како нерегулиранпроизводител на топлинска енергија.
АД ЕСМ Скопје, Подружница Енергетика, располага со вкупен производен
капацитет од 96 MW. Во 2018 година АД ЕСМ Скопје стана сопственик на комбиниранатапостројка на топлинска и електрична енергија со производен топлински капацитет од13,5 MW, којашто претходно беше во сопственост на КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје.
Скопје-Север АД Скопје произведува топлинска енергија преку два котли од по 23 MW, односно има вкупен производствен капацитет од 46 MW.
- Вкупниот капацитет за производство на топлинска енергија, вклучувајќи ги и нерегулираните производители, изнесува 794 MW.Количеството на произведена топлинска енергија зависи од временските условии вообичаено најголемо производство се остварува во месеците декември и јануари. Сите производители на топлинска енергија како гориво го користат природниотгас, што има позитивен придонес во однос на еколошкиот аспект. Во 2022 година просечната надворешна температура за грејна сезона била8,16°C, и е значително повисока од просечната прогнозирана температура од 6,23°C – појаснуваат од РКЕ.
П.О.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.