24 Декември, 2024
0.0333

Етихад ервејс од 1 септември ќе го преземе управувањето со Јат ервејс

Објавено во: Балкан 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Од 1 септември Етихад ервејс планира да го преземе управувањето со српската национална авиокомпанија Јат ервејс, објавија белградските медиуми. „За кусо време, Јат ервејс ќе работи како Ер Србија, но формално правно нема веднаш да го промени името. Кога тоа ќе се случи, компанијата ќе го промени и својот оперативен авиокомпаниски сертификат (Airline Operating Certificate AOC – велат од Етихад ервејс. Владата на Србија на 1 август со Етихад ервејс потпиша договор за стратешко партнерство со кој компанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе стане сопственик на 49 проценти од капиталот. Јат ервејз сега има 1.250 вработени, од кои околу 170 се пилоти, околу 200 кабински персонал, а поседува флота од 10 авиони од типот боинг 373-300 и четири АТР 72. Меѓутоа како што вчера во објавивме, во ЈАТ Ервејс се проценува дека дури 300 до 500 вработени се вишок. Поради тоа започна доброволното пријавување на вработените за заминување од компанијата. Владата на Република Србија ќе ја финансира социјалната програма на компанијата и секој вработен кој доброволно ќе го напушти ЈАТ Ервејс, ќе добие опремнина во висина од 300 евра за секоја година од работниот стаж. Синдикатот бараше од 450 до 500 евра по година работен стаж, но ќе добие 300.      

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО БАЊА ЛУКА: Дрво падна врз пешак на тротоарот

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО БАЊА ЛУКА: Дрво падна врз пешак на тротоарот

УДОБНИ ФОТЕЛЈИ, КРВАВИ УЧИЛИШНИ КЛУПИ: Хрватите бараат подобрување на безбедноста откако млад човек изврши напад

УДОБНИ ФОТЕЛЈИ, КРВАВИ УЧИЛИШНИ КЛУПИ: Хрватите бараат подобрување на безбедноста откако млад човек изврши напад

ДЕЛОВИ ОД БОСНА ВО МРАК: Без струја останаа 200.000 домаќинства

ДЕЛОВИ ОД БОСНА ВО МРАК: Без струја останаа 200.000 домаќинства

(ВИДЕО) СНЕГОТ ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ РЕГИОНОТ: Проблеми има во Хрватска, БиХ и Албанија

(ВИДЕО) СНЕГОТ ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ РЕГИОНОТ: Проблеми има во Хрватска, БиХ и Албанија

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА АКО ОДИТЕ НА ЗЛАТИБОР: Ова мора да го знаете за работното време!

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА АКО ОДИТЕ НА ЗЛАТИБОР: Ова мора да го знаете за работното време!

ВО ЖИВО: ЕВЕ КАКО Е НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА: Десетици илјади во Белград и во Ниш

ВО ЖИВО: ЕВЕ КАКО Е НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА: Десетици илјади во Белград и во Ниш

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН „ГАБОР“ ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН „ГАБОР“ ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН “ГАБОР” ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН “ГАБОР” ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

„МИ СЕ ЈАВИ НАСТАВНИЧКАТА, БЕШЕ СТРАШНА ПАНИКА, ТРЧАВ КОН ШКОЛОТО“ - мајка на две деца од Пречко

„МИ СЕ ЈАВИ НАСТАВНИЧКАТА, БЕШЕ СТРАШНА ПАНИКА, ТРЧАВ КОН ШКОЛОТО“ - мајка на две деца од Пречко