19 Декември, 2025
0.0735

Етингер: Без договор за 5 дена, Грција излегува од еврозоната

Објавено во: Балкан, Економија 26 Јуни, 2015 10:39

Добивај вести на Viber

ЕУ не се стреми да ја „притиска“ Грција, но ако разликите не бидат надминати во наредните 5 дена, таканаречениот „Grexit“ не може да се избегне.

Ова го изјавил еврокомесарот за дигиталната економија и општество Гинтер Етингер.

„Ние ќе сториме се зависно од нас до 30 јуни. Грците покажаа дека се подготвени за реформи“, изјавил Етингер, цитиран од „Ројтерс“. „Grexit“ не е нашата цел, но тоа нема да може да биде избегнато ако не биде пронајден компромис во следните 5 дена“, додал комесарот.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд истакнале дека претстојната средба на министрите за финансии од еврозоната за Грција ќе биде одлучувачката последна инстанца за судбината на Грција.

„Ние се согласивме дека треба да продолжиме да работиме (за решение) меѓу Грција и институциите, и дека (собирањето) на еврогрупата во сабота ќе е од клучно значење, бидејќи времето притиска“, изјавила канцеларката по десет часа дискусии со партнерите од ЕУ, собрани на самитот во Брисел. Две дискусии биле посветени на грчката тема, според информации од европски извори.

„Сметам дека оваа средба во саботата е од критично значење, бидејќи сме на критичниот датум“, изјавил од своја страна Оланд.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен