Добивај вести на Viber
Од македонските села може да се направи успешна приказна само со остварување дијалог и соработка на сите нивоа, беше пораката од денешната манифестација „Етно ден на младите фармери“ која се одржа во струмичкото село Габрово.
Во последно време голем број млади луѓе својата иднина ја гледаат во развојот на аграрот, почнување семејни бизиси и рурален туризам, рече координаторот на регионалната канцеларија на Мрежата на млади фармери од Струмица Томе Тимов.
- Треба да ја гледаме иднината во сопствените села, да ги заживуваме и развиваме. Нивното изумирање и миграцијата се голем проблем особено во планинските региони. За негово надминување неопходен е ангажман на целото општество, нагласи Тимов.
„Етно ден на младите фармери“ прераснува во традиционална манифестација и е место каде младите земјоделци можат да ги разменат своите искуства и да ја покажат определбата за создавање здраво, економски просперитетно село.
На „Етно ден на младите фармери“ чиј покровител е општина Струмица, присуствуваа претставници од повеќе земјоделски и невладини организации.
Официјалните статистички податоци со кои располага ФФРМ за 2012 година покажуваат дека од вкупните внатрешни миграциски движења, околу 50 проценти му припаѓаат на население до 30 години. Од 1981 до 2002 година, бројот на млади луѓе до 19 години се намалил од 41 на 32,2 отсто, додека населението на возраст од 65 и нагоре се зголемил од 8 на 10,6 проценти. Незадоволителна рурална возрасна структура најмногу е присутна во Пелагонискиот, Источниот, Вардарскиот и Североисточниот регион.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: