20 Декември, 2025
0.0512

ЕУ БАРА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА: Посетата на Хан не донесе голем напредок!

Објавено во: Македонија 23 Март, 2017 10:00

Добивај вести на Viber

Во доцните часови завршија средбите во вторникот вечерта во Скопје на комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан со македонските политички лидери чиј партии се претставени во парламентот. 

Хан разговараше со Билал Касами од Движењето "Беса", со Зијадин Села од Албанскиот сојуз, Али Ахмети од ДУИ, Зоран Заев од СДСМ и со Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов одби да разговара со комесарот односно шефот на државата не се врати од Унгарија при што избегна средба со Хан. 

Хан и европратеничката траојка го напуштија Скопје без да дадат прес-конференција како што беше предвидено однапред. 

Неколку минути откако ја напуштија македонската престолнина, беше објавено соопштението од нивнот име. „При средбите со претставниците на парламентарните партии истакнавме многу јасно дека сите лидери, вклучувајќи и претседателот, се должни да ги почитуваат резултатите од последните избори. Во демократијата секој треба да го признае парламентарното мнозинство. Поради оваа причина го поттикнуваме претседателот итно да ја преиспита својата позиција. Нема време за губење. во моментов очекуваме од сите политички партии и институции да им дадат пат на демократските процеси, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните“, пишуваше во пораката на Хан.

Според него последните неколку месеци и наштетиле на економијата на земјата. „Апелираме за брзо формирање на влада, која ќе ги изврши неопходните реформи. Од партиите и Владата очекуваме да ги исполнат договорите од Пржино. Ги повикуваме сите да се воздржат од активности и настани кои може да предизвикаат меѓуетнички тензии и да ги влошат добрите односи со соседите. Никој не треба да си игра со оган. Длабоко сме загрижени од говорот на омраза. Граѓанските протести се основа во демократско општество, но тие се и одговорност“, пишува еврокомесарот и повика за запирање на негативната реторика спрема меѓународната заедница и невладините организации.

Во наредните денови очекуваме сериозно и одговорно државничко однесување од страна на институциите, кои ќе дозволат составувањето на новата влада и стабилна коалиција. Ова е единствениот начин земјата да се врати на патот на нејзината евроинтеграција“, пишува уште Јоханес Хан, кој беше придружуван во Скопје од тројцата европратеници - Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Додека еврокомесарот одржуваше состаноци во парламентот, пред зградата се собраа десетици илјади луѓе на протест. Тие го повикаа „Хан да ја почитува волјата на граѓаните, да ја осуди албанската платформа и да ја почитува волјата на Македонија“. Протести имаше во вкупно 43 градови и населени места. 

МОЖНИ САНКЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА, СИТУАЦИЈАТА ПООПАСНА ОД БИЛО КОГА

Брисел размислува за воведување на санкции за Македонија доколку претседателот Иванов не овозможи формирање на влада во согласност со Уставот, пишува Дојче веле повикувајќи се на неименувани извори во Брисел.

Изворот на овој медиум, вели дека, доколку Иванов и понатаму одбива да го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на СДСМ, нема веќе чекање, и дека со секој ден расте опасноста од понатамошни тензии во земјата, кои, како што се навеудва може да доведат до ќорсокак и понатамошна дестабилизација.

„Опасноста е поголема од било кога“, предупредува изворот.

За претставниците на ЕУ нема сомнение дека зад организираните протести стои лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, иако, како се наведува, упорно тврди дека со нив нема никакви врски и дека се работи за спонтано незадоволство на народот.

Груевски, на состанокот со европарламентарците се „претставил како жртва“ тврдејќи дека нема контрола над ништо.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки