ЕУ ДА ИЗГРАДИ СТАВ: Хрватска се сложува да се формира палестинска држава
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2025 20:11
Хрватска поддржува формирање палестинска држава.
„Единственото одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт е создавање две држави“, соопшти денеска хрватската влада.
Хрватската влада додава дека признавањето на државата Палестина е фундаментално политичко прашање и ја повика ЕУ да заземе координиран став.
„Веруваме дека единственото одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт е она што вклучува создавање на две држави – Израел и Палестина, кои ќе живеат една до друга во мир, безбедност и меѓусебно признавање. Таквото решение мора да дојде преку дијалог, преговори и силна меѓународна поддршка“, се вели во соопштението на хрватската влада.
Претходно, Франција ја објави својата намера да ја признае државата Палестина. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа објави дека Франција планира да ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември.Во соопштението на хрватската влада не е наведено дали Хрватска ќе го стори тоа. Лани Шпанија, Ирска, Норвешка и Словенија ја признаа државата Палестина, а Малта објави дека ќе го стори тоа оваа година.
Германија засега не размислува за признавање на Палестина.Фото: pixabay.com
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




