ЕУ децидно: Грција нема право на пари од спасувачки фонд
Објавено во: Балкан, Економија 26 Март, 2015 12:45
Министрите за финансии на еврозоната се сложиле вчера дека Грција нема законско право на 1,2 милијарди евра кои ги вратила во спасувачкиот фонд на еврозоната и за кои тврди дека првобитно ги издвоила од сопствените парични резерви за докапитализација на националните банки.
„Се сложивме дека Грчкиот фонд за финансиска стабилност (HFSF) не го претплатил Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF)“, изјавил портпаролот на тој фонд.
Кога новата грчка влада на 20 февруари ја потпишала спогодбата со еврогрупата за четиримесечното продолжување на програмот за финансиска помош на Атина, таа тогаш прифатила на EFSF да му врати 10,9 милијарди евра кои преостанале во рамки на грчкиот фонд за спасување на домашните банки, пишува американски весник.
Грчкиот фонд за финансиска стабилност во перидот помеѓу 2012 и 2014 година, во рамки на меѓународниот пакет на помош за таа земја, примил 48,2 милијарди евра за докапитализација на банката.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




