ЕУ ги продолжува санкциите против Русија за 6 месеци?
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2015 20:18
Во следните недели Европската унија најверојатно ќе ги продолжи економските санкции против Русија во врска со кризата во Украина за шест месеци до јануари 2016 година.
Оваа информација ја објави авторитетното американско издание „The Wall Street Journal“, кое се повикува на високи дипломатски извори.
Унијата ќе се обиде да ја притисне Москва за да ги исполни целосно условите од Минскиот договор.
Планот сѐ уште не е конечен, наведуваат изворите, но „во Брисел се забележува растечко уверување дека заедницата е единствена во однос на пристапот, кој не вклучува ублажување на притисокот врз Русија“, додека Москва не ги исполни целосно своите обврски во врска со договорот од Минск .
Русија постојано изјавува дека ги смета западните санкции за контрапродуктивни.
Европската унија ќе донесе одлука на самитот на 25-26 јуни, бидејќи во средината на летото истекува застарувањето на санкциите.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




