28 Септември, 2024
0.0265

ЕУ го договори буџетот за следната година

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Советот на Европската унија постигна согласност за буџетот на Унијата за следната година. Од официјалното соопштение на Европската комисија станува јасно дека трошоците за 2017 година ќе бидат во вредност од 157.9 милијардие евра. Зголемувањето во однос на претходниот буџет е со 11%.

Речиси половина од средствата - 74.9 милијарди евра ќе бидат искористени за стимулирање на растот, зголемување на вработеноста и подобрување на конкурентноста на економијата. За програмите Хоризонт 2020, Еразмус +, COSME и за Механизмот за поврзување на Европа (CEF) се предвидени 21,3 милијарди евра, а и оваа сума, исто така се зголемува во однос на претходната година.

За финансирање на структурните фондови се издвоени 53,6 милијарди евра.

За поддршка на земјоделците се предвидени 42.6 милијарди евра а како збир е помал од оној за кој инсистираа европратениците. 

За финансирање на проекти за инвестицискиот план „Јункер“ ќе одат 2.7 милијарди евра следната година. Со овие пари ќе се привлекуваат приватни капитали. Близу 6 милијарди евра се предвидени за заштита на надворешните граници на Унијата и за справување со миграцијата и бегалската криза. Половина од оваа сума ќе финансира активности во рамките на ЕУ, а другата половина ќе биде за активности надвор од ЕУ за справување со основните причини за миграцијата.

„Нема да оставиме несвртен камен за да обезбедиме пари за буџет кој ќе работи во интерес на луѓето, да биде тампон против шокови, да даде поттик на економијата и да помага да се справиме со кризата со бегалците“, изјавиле претставници од ЕУ.

Претстои буџетот формално да биде одобрен со две гласања во Советот на министри и во Европскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија