ЕУ ГО ПРОЗВА ИВАНОВ: Брзо да се изнајде политички лидер кој ќе формира Влада
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 17:39
Меѓународните институции будно ја следат ситуацијата во земјата.
Од Европската унија денеска го прозваа претседателот Иванов да ги повика на итна консултација сите политички партии и да определи кој ќе формира широка и стабилна Влада.
Ппортпаролката Маја Коцијанчич пренесувајќи ја пораката на ЕУ повика на смиреност кај партиите и побара даделуваат на смирен и конструктивен начин и со целосна одговорност да ја решат моменталната состојба
„Како што знаете, државата нема време за губење, и во тој поглед очекуваме претседателот согласно Уставот, да повика на итни отворени консултации со политичките сили во земјата, и брзо да изнајде политички лидер во земјата за формирање на Влада, кој може да најде заедничка подлога за формирање на стабилна и солидна коалиција. И како што рековме претходно, таква коалиција треба да биде што е можно поширока и да се потпира на силен, сеопфатен реформски консензус и меѓуетничка соработка“, потенцира Коцијанчич.
ЕУ очекув сите политички сили во земјата да го спроведат договорот од Пржино и итните реформски приоритети, кои се витални за прогресот на државата на патот кон Европската интеграција потенцирајќи дека широка Влада не е новитет во Брисел и повторно го кажа ставот на еврокомесарот Хан кој порача дека е неопходно влада со широк консензус.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




