05 Декември, 2025
0.0652

ЕУ го замрзнува одобрувањето на генетски модифицираните посеви до 2014 година

Објавено во: Агробизнис 23 Јануари, 2013 16:33

Добивај вести на Viber

Комисијата на ЕУ одлучи да го замрзне процесот на одобрување на генетски модифицираните прехранбени посеви до крајот на својот мандат во 2014 година, а во меѓувреме ќе работи на склучување договор за ова прашање со државите членки на Унијата.

- Ако сакаше, Комисијата можеше да започне процедура за одобрување на одгледување еден вид генетски модифицирана соја и шест вида генетски модифицирана пченка, но тоа нема да го направи, изјави Фредерик Венсан, портпарол на еврокомесарот за здравство Тони Борг.

Осум земји - Австрија, Бугарија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Луксембург и Полска, се определиле да забранат одгледување на генетски модифицирани култури на своја територија.

За 14 години ЕУ има одобрено одгледување само на два генетски изменети посеви наменети за човечка исхрана - компирот „амфлора“, кој го разви германскиот БАСФ, и пченката „МОН 810“ на американскиот биотехнолошки гигант „Монсант“

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?