ЕУ и САД му објасниja на ВМРО-ДПМНЕ: Брисел очекува широка коалиција за справување со предизвици меѓу кои е и името
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 12:19
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа објаснување од Брисел да
кажат врз кој дел од Уставот на Македонија, ЕУ очекува Претседателот Ѓорѓе Иванов да
определи лидер за формирање на „што е можно поширока Влада“.
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, денеска одговори на прозивката за нејзината претходна изјава.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Коцијанчич во име на неформалната влада на Европската унија, денеска повтори дека официјален Брисел очекува широка владина коалиција за справување со сите предизвици, откривајќи дека меѓу нив е и „решавање на билатералните прашања“, што се разбира дека е спорот за името со Грција.
„Ние мислевме на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, така што земјата ќе може да се справи ефикасно со многуте предизвици што претстојат. Спроведувањето на Итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавање на билатералните прашања во исто време ќе бара силна посветеност од сите политички партии. Затоа, ние ги поздравуваме тековните напори на претседателот Иванов да се ангажира со сите политички партии“ - изјави таа.
Коцијанчич наведе и што очекува ЕК во однос на формирање уставно мнозинство во македонскиот Парламент.
Европската комисијата денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. Амбасадата на САД во понеделникот, соопшти дека го набљудува процесот на формирање влада и ги повика партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада. Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара од Амбасадата, јавно да каже дали е против идејата на партијата да се одржат нови избори.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




