25 Април, 2024
0.1457

Митови: бирократијата на Брисел е толку страшна што до пари од ЕУ фондовите не може да припари ни еден Балканец!

Објавено во: Анализа 21 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Следниов текст е хрватски пример за тоа како успешно може да се искористат ЕУ фондовите, и целата приказна може да биде многу поучна и за идните македонски бизнисмени кои сакаат да користат од ЕУ фондовите. Што е најважно, оваа сторија ни покажува дека Брисел сепак, не е така далеку како што се чини, и дека за бриселската бирократија има повеќе митови и предрасуди, одошто вистина. Неразбирлив бирократски јазик, обемна документација, строги правила- ова се дел од многуте  препреки со кои се соочуваат  хрватските земјоделци на патот до парите од европските фондови, кои на моменти се чинат и непремостиливи. Но на крајот, трудот сепак се исплати. Верица Драговиќ Узелац, раководител  на проектот “Вишна Мараска” кој е успешно спроведен,  порачува дека до парите од ЕУ фондовите сепак може да се дојде. - Кон крајот на минатата година ни го одобрија финансискиот извештај, што е конечен знак дека проектот бил успешно имплементиран. Искористени се 94 отсто од парите кои ни беа на располагање, раскажува Узелац. Таа во тимот работела заедно со седум колеги, меѓу кои имало и истражувачи од Лабораторијата за технологија и конзервирање на овошје и зеленчук, при хрвтаскиот Прехрамбено биолошки факултет. Нивниот проект е доказ за едно успешно аплицирање за европските пари. -Парите можат успешно да се искористат, и тоа многу брзо, а тоа е најважно, објаснува Узелац. Трудот се исплати Носители на проектот и партнери биле неколку институции, и тоа Прехранбено-биолошкиот факултет во Загреб, Центарот за прехранбена технологија и биотехнологија во Задар и Биотехнолошкиот факултет од Љубљана, Словенија. Проектот е предложен од страна на Регионалниот координатор на Развојната агенција од Задарската жупанија. -Развојот и напредокот, како за нас, така и за компаниите односно на здруженијата на кои се однесува проектот, е нешто што треба да биде главна мотивација за аплицирање за проектите. Верувам дека бирократските процедури, можат да бидат страшни и причина за откажување, но лично сметам дека се тоа на крајот се исплати. Важно е да се има визија, добра идеја и храброст, да се издржи и да се најде решение во моемнтот кога ќе дојдат препреките, вели Маја Павловиќ, од Делегацијата на Европската Унија во Хрватска. Не е вистина дека една запирка може да сруши цел проект Работата на Делегацијата на ЕУ во Хрватска е во насока на тоа што повеќе да има се излезе во пресрет на апликантите, објаснува Павловиќ и потенцира дека не е вистина дека при оценувањето на проектот само една запирка или точка која недостига, може да ја уништи можноста за разгледување на проектот. Ние постојано ги контактираме апликантите, бараме од нив појаснувања. Точно е дека некои процедури се комплицирани и тешки, но тоа е така бидјеќи за сите треба да важат исти услови и сите да имаат еднакви можности, вели Маја Павловиќ. Без искуство, но со многу ентузијазам Околу пет години група научници ги проучуваше својствата на вишната од видот мараска и нејзиното позитивно дејство врз здрвајето на луѓето. Тие одлучија своите согледувања, да ги искористат како мотив за изработка на проект со кој што ќе аплицираат за парите од европските фондови. Важно е да се напомене дека претходно немале никакво искуство, но и саматите истакнуваат дека најсилно “оружје” им бил неверојатниот ентузијазам. Целта им била да ги добијат средствата со чија што помош ќе можат да го опремат центарот односно лабораторијата во која што ќже се произведува храна на база на вишната мараска во Задар, обезбедување на услови за преработка, како и соработка со производителите на оваа вишна. А резултатот е следниот: ќе се добие прозвод од вишна во прав, сок од вишни, сушена вишна која ќе се употребува во кондиторската индустрија. Инаку сушената вишна мараска и онаа во прав, се производи за кои во последно голем интерес пројавиле големите хрватски компании како “Мараска”, “Подравка” и “Агрокор”. После неколку работилници на оваа тема, се организирала и едукација на малите производители на вишната мараска Првите пари на сметка за дваесеттина дена Од моментот кога одлучиле да го подготват проектот до самиот чин на кандидирање поминале две години. Во меѓувреме интензивно се работело на проектот, чија што вкупна вредност била половина милион евра. Од денот кога го потпишале договорот за проектот до денот кога на сметка легнале првите пари, поминале само дваесеттина дена. Првата исплатена рата изнесувала дури 70 отсто од вкупниот одобрен износ. Секако за време на траењето на проектот, требало редовно да се поднесуваат финансиски извештаи. Што научиле од грешките? Верица Драговиќ Узелац, раководител на проектот, вели дека при аплицирањето е важно да се добие јасна слика и да се разликува што е прифатливо, а што не. Признава дека документите за аплицирање се многу комплицирани. На прашањето дали посто нешто што денес би сторила поинаку од отгаш, вели дека тоа би било ангажирање на уште еден соработник во проектот. Покрај тоа, таа смета дека вработените кои работат во сметководство на факултетите, треба да се едуцираат и за тоа како се водат финансиите за ЕУ, бидејќи нејзниот тим за проектот морал да плати дополнително посебен стучњак за водење финасии. Приказната за овој успешен проект има своја слатка страна. Количините од сушената вишна мараска, кои се произведуваат во новата лабораторија, за сега ги задоволуваат потребите на прозводителот на чоколади Дубравка Витлова, која вишните успешно ги вкомпонирала во вкусни квалитетни чоколади и пралини. Обработка Фактор