28 Ноември, 2024
0.0305

ЕУ не успева да внесе раздор меѓу Латинска Америка и Русија

Објавено во: Свет 24 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Минатиот понеделник и вторник во Брисел, незабележително за нашите медиуми, се одржа Самит на лидерите на Европската Унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите(CELAC). После осум години пауза лидерите на шеесетина држави одново се сретнаа на третиот собир на двете заедници. Средбата донесе некои резултати, но помина во знакот на пропаѓањето на обидот на ЕУ да внесе раздор меѓу Латинска Америка и Русија. Се отиде дотаму што во прашање беше носењето на Заедничката декларација.

Главен резултат од средбата е тоа што таа се одржа по осум години. Секако и декларативните заложби за обновување на дамнешното партнерство заснована врз заедничките вредности и интереси и трајните економски, социјални и културни врски. И потврдувањето дека двете страни, работејќи заедно, како суверени партнери, стануваат посилни и подобро подготвени за да се спротивстават на многубројните кризи и предизвици на денешното време. Ова подразбира дека на дводневната средба се поминале голем број теми. Почнувајќи од проширувањето на соработката на разни форуми, глобалниот мир и безбедноста, трговијата и инвестициите, климатските прашања и друго. За сето ова се донесе заедничка Декларација, поддржана од сите земји, освен од една, велат Никарагва, поради спомнувањето на Русија во една од точките. Договорено е во иднина самитите да се одржуваат секоја втора година.

Секако е успех за ЕУ да седне на маса со лидерите на земјите од CELAC после осум години. Дотолку повеќе што во тој период се јавија многу предизвици во светот од различна природа. Дали сакаш пандемија од Ковид-19, дали економските проблеми по неа, па војната во Украина, која уште повеќе ги заостри економските проблеми во светот, а со тоа и безбедносните. ЕУ за самитот се подготвуваше подолго време. И не случајно. Европски лидери од крајот на минатата година, разни министри за надворешни работи од Европа ја „бомбардираа“ Латинска Америка. Главни земји домаќини Бразил, Аргентина, Чиле...Во мисијата на европските политичари влегуваше подготовката за Самитот на ЕУ и CELAC, разни економски и други прашања, но неизбежна беше и упорноста на Европа да ги придобие Латиноамериканците во осудата на руската агресија врз Украина. Исто и за соработката со Кина. Да ги претстави тие две држави како главни непријатели на мирот во светот и на економскиот прогрес.

Одговорите и во Бразил и во Аргентина и во Чиле беа дека тие немаат оружје за давање на Украина. Дека оружјето што го имаат купено од Русија или од Западот им е неопходно за нив. Исто и дека се залагаат за мировна акција во Украина, а не за проширување на војната. Целта на ЕУ беше да ги убедат соговорниците, покрај осудата на Русија за војната во Украина да испорачаат оружје, како што направија многу држави, меѓу кои и нашата, и да воведат санкции кон Русија. Главните играчи од Латинска Америка во ОН ја осудија руската агресија, но не воведоа санкции. Па разните емисари ширум светот одеа да ги убедуваат „нерешителните“ земји.

НЕМА ПРОМЕНИ ПРЕКУ НОЌ

Западот си ја подели работата. САД играше со големите играчи, како Индија и Кина, на пример, а на Европа и беа оставени другите. Латинска Америка и Африка, на пример. Американскиот претседател, Џо Бајден, неодамна го прими и му приреди „кралски“ дочек на индискиот премиер, Нарендра Моди. Ќе видиме во месециве што следат дали ќе се промени односот на Индија кон војната во Украина. Можеби уште на Самиотот на членките на БРИКС во август во Јужна Африка. Но сигурно до промени нема да дојде преку ноќ.

За Самитот во Брисел и за ставање на Украина во некој контекст многу се залагаше претседавачот на ЕУ, премиерот на Шпанија, Педро Санчез. Тој дури и претседавањето со ЕУ го започна со посета на Киев. По средбата со Зеленски, Санчез изјави дека украинскиот претседател задолжително мора да учествува на самитот за да добие поддршка од земјите на Латинска Америка, а со тоа да ја покаже меѓународната изолација на Русија. Санчез очигледно не ги сфатил пораките од Латинска Америка околу војната во Украина. Или пак одел по она, „ако помине, помине“. На самитот Зеленски не се појави ни преку видео врска. Во прв ред тоа гласно не го сакаше Бразил, но и други земји. Па Зеленски, виде, не виде, се откажа од учество на Самитот. Од самитот се откажа и Санчез. А Шпанија важи како главен партнер на повеќето земји во Латинска Америка. Предизборието во неговата земја му беше поважно од Украина. Се потврди правилото дека сите се водат од интересите, сопствени или државни. Па Украина може да се префрли на спореден колосек.

Според известувачите од Брисел, Украина била камен на сопнување и било многу тешко да се усвои заедничката декларација од самитот. Шеесетина учесници со часови дебатирале околу точката посветена на Украина. Згора на тоа таа морала да биде компензирана со алузии на тврдењата на Аргентина во однос на Фолкландските Острови(Малвини), со осудата на блокадата на Куба од Вашингтон и вклучувањето на оваа земја во списокот на држави кои го поддржуваат тероризмот. Покрај тоа, неопходно било да се намекне осудата на „трансатлантската трговија со робови“ и потребата за „репарации“, што го барале земјите од Карибите кои зборуваат англиски.

Земјите од ЕУ во својот предлог на Декларацијата јасно ја осудиле Русија. Блумберг објави дека земјите од Латинска Америка и Карибите се спротивставиле на предлог-изјавата на ЕУ која „остро ја осудува агресијата на Руската Федерација“ и бара „целосно и безусловно повлекување на војската“. Латиноамериканците, пак, понудиле да „изразат загриженост“ за војната и да наведат дека ги поддржуваат напорите насочени кон итен прекин на непријателствата. На тој начин тие останале лојални на своите претходни ставови. Претседателот на Европскиот совет, Белгиецот Шарл Мишел, се обидел да ја ублажи ситуацијата, потсетувајќи дека на состанокот се задржало „единството на Европејците во осудата на Русија“, што е точно. Но, исто така е точно дека една од целите на последниот состанок беше ширење на оваа позиција во Латинска Америка, регион кој дипломатијата на ЕУ го смета за „најкомпатибилен со мислењето“ на блокот. Но неуспешно.

Па така во Декларацијата ја нема Куба, нема репарации, но ги има барањата на Аргентина. Па се вели:„ Во однос на прашањето за суверенитетот над Малвините/Фолкландските Острови, Европската Унија ја забележа историската позиција на CELAC заснована на важноста на дијалогот и почитувањето на меѓународното право во мирното решавање на споровите“.

ИЗДЕЛКАНА ДЕКЛАРАЦИЈА

По ова двете страни нагласуваат дека и во иднина :„ ја потврдуваме нашата фундаментална посветеност на сите цели и принципи содржани во Повелбата на Обединетите нации, вклучувајќи ја суверената еднаквост на сите држави и почитувањето на нивниот територијален интегритет, и политичката независност, решавањето на споровите со мирни средства и во согласност со принципите на правдата и меѓународното право. Што станува сега со изјавите на лидерите на ЕУ од типот „ќе даваме оружје до конечна победа на Украина“.? Се откажува ли ЕУ од нив?

Делот за Украина е изделкан до перфекција за да ги задоволи двете страни. „Ја изразуваме нашата длабока загриженост за тековната војна против Украина, која продолжува да предизвикува големи човечки страдања и ги влошува постојните проблеми во глобалната економија со ограничување на растот, зголемување на инфлацијата, нарушување на синџирите на снабдување, влошување на енергетската и прехранбената нестабилност и зголемување на ризиците за финансиската стабилност. Во оваа смисла, ја поддржуваме потребата за праведен и траен мир. Подеднакво ја потврдуваме нашата поддршка за Црноморската иницијатива за жито и напорите на генералниот секретар на ОН да обезбеди нејзино продолжување. Ги поддржуваме сите дипломатски напори насочени кон постигнување праведен и траен мир во согласност со Повелбата на ОН“.

Оваа формулација е многу поблиска до ставот на Кина, па дури и до руските интереси. Во секој случај, таквиот исход веројатно нема да го задоволи украинското раководство. За блокадата на транспортот на житото ќе видиме како ќе биде. На 26 јули за прв пат ќе заседава Советот НАТО-Украина на барање на Зеленски. Најавено е дека, на ниво на амбасадори, главна тема на расправа ќе биде житото и блокадата на транспортот. По се ова, сигурно на Мишел му останал кисел вкус во устата, но од другата страна не е Русија, туку држави на кои свежо им е дури и далечното минато. Некои од учесниците на Самитот она што сега се случува во Украина го поистоветуваат со настани во минатото во Латинска Америка, мислејќи на улогата на САД во нив. Па велат дека „едни исти принципи треба да важат за сите“.

МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ИЛИ МУЛТИПОЛАРЕН?

Има во Декларацијата и повторување на досегашните позиции на мнозинството членки искажани на седници на СБ на ОН или на Генералното собрание на ОН посветени на војната во Украина. Па се вели: „Ја потврдуваме нашата посветеност на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, вклучувајќи ја и потребата од почитување на суверенитетот, политичката независност и територијалниот интегритет на сите држави. Од суштинско значење е да се почитува меѓународното право и мултилатералниот систем кој обезбедува мир и стабилност. Ова „мултилатералниот“, како да наликува на „молтиполарниот“. Се разбира во догледна перспектива. Ако сме здрави и живи дотогаш.

Што покажа Самитот во Брисел? Прво дека ЕУ, ако сака соработка со Латинска Америка ќе мора на ваквите собири да ги слуша и нивните грубости и прекори. Секако таа, надвор од самитите, нема да се однесува исто кон Бразил или Сент Винсент и Гренадините. ЕУ ќе мора да ги прима на самитите и лидери кои се под санкции, од САД на пример. Но и да слуша кога се зборува за Украина, дека може да се спомне и Куба и Никарагва и Гренада, колонијализам и робови...И дека Латиноамериканците ги поддржуваат меѓународното право и суверенитетот на државите, но тој принцип бараат да важи за сите. А не некој да го злоупотребува по свој избор. Ним им се преку глава обидите да им се наметне „крстоносна војна“ со Русија. Лидерот на Бразил Лула да Силва во Брисел јасно кажа дека во моментов светот е уморен од конфликтот во Украина. „Целиот свет, сите земји се веќе уморни од ова непријателство и оваа конфронтација“, изјави да Силва.

Може ли ваквиот приод да влијае врз расположението на Европа околу војната во Украина? Може, но не мора. ЕУ сега е во состојба на целосна зависност од САД. И воена и економска. Таа може да биде само американски емисар во делови од светот. Да убедува и да бара оружје за Украина. Со мали проблесоци на независност. Како оној на францускиот претседател Емануел Макрон, кога беше во посета на Кина. За по враќањето да објаснува што сакал да каже. Сите други европски лидери, освен Унгарецот Виктор Орбан, молчат и ќе молчат. И ќе чекаат што ќе им кажат од САД. Се’ така до средината на идната година. Кога ќе почнат, ако не и порано, предизборните и изборните натпревари во САД, Русија и Украина. Се разбира, ако остане нешто дотогаш од европската политичка доблест, како во времето на Хелмут Кол, Франсоа Митеран, Жак Ширак и други лидери.

Мирче Адамчевски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат