19 Декември, 2025
0.1112

ЕУ објави дека Грција е во банкрот

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015 19:06

Добивај вести на Viber

Грција е во банкрот, објави Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС), цитиран од агенциите.

Институцијата нема веднаш да си ги бара доделените 130.9 милијарди евра, иако земјата одби да ги плати во рок досегашните износи кон ММФ, објаснува претседателот на „ЕФФС“ Клаус Реглинг.

„Фактот дека постои банкрот, е причина за длабока загриженост ... Ова ја нарушува посветеноста од Грција, да ги извршува финансиските обврски кон сите свои кредитори и ја отвора вратата за тешки последици за грчката економија и грчкиот народ“, додал Реглинг. Европскиот фонд за финансиска стабилност е создаден за да им помага на земјите од еврозоната, во финансиски тешкотии за време на европската должничка криза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од меѓународните кредитори на Атина да го намалат за 30% долгот на земјата, како и 20 години грејс период за неговата отплата, пренесоа агенциите. Со ова барање тој го мотивира со извештајот на ММФ, објавен пред неколку дена, според кој најверојатно ќе биде потребно намалување на долгот на Грција. Ципрас вчера направи кратко ТВ обраќање до нацијата во кое освен новите барања уште еднаш ги повика сонародниците да го отфрлат на референдумот во недела „уценувањето“. Премиерот им објаснил на гласачите дека членството на ЕУ не е изложено на ризик, и инсистираше сонародниците да бидат спокојни. Тој го повика населението да биде смирено. „При отворањето на избирачките места ние сите треба да дејствуваме одговорно и да ги почитуваме спротивните мислења, за да ја пречекаме нашата заедничка иднина ... Во понеделник ништо нема да може да не раздели“, додал Ципрас.

Врховниот административен суд на Грција, највисоката судска инстанца во земјата, требаше вчера да се произнесе дали набрзина ќе распише референдум за спасувачката програма понудена од меѓународните кредитори, не е во спротивност со уставот на земјата, бидејќи ги тера граѓаните да се изјаснат за фискалните прашања , пренесоа агенциите.

Советот на Европа предупреди дека анкетата не ги исполнува меѓународните стандарди, бидејќи е свикана во кратки рокови и поставените прашања не се јасни. Се уште не е сосема јасно и колку ќе чини буџетот за одржувањето на референдумот. Според „СИРИЗА“ износот е околу 20 милиони евра, но од опозицијата се на мислење дека износот е шест пати поголем - 120 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен