20 Декември, 2025
0.0397

Започна ЕУРОЛИНК зимската школа по уметничко лизгање

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017 11:19

Добивај вести на Viber

Во Скопје на 3 март започна зимската школа по уметничко лизгање на Еуролинк осигурување, во која 40 деца, на возраст од 6 до 14 години бесплатно ќе ги изучуваат основните техники по уметничко лизгање  на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Школата ќе трае од 1. до 21. март 2017 година, најмладите учесници започнаа со совладување нови вештини од оваа елегантна зимска спортска дисциплина под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јаштшењски Симиќ.

Целта на зимската школа за уметничко лизгање е да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин. „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во, брендирана опрема и лизгалки.
Сите учесници кои успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество, кои ќе им бидат доделени на завршната претстава која ќе се одржи пред нивните родители и роднини. 

Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

„Еуролинк на учесниците во зимската школа по уметничко лизгање им посакува да уживаат и да се забавуваат“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии