16 Мај, 2024
0.0330

Еуромакс Рисорсис ќе користи „помалку штетни хемикалии“ за рудникот Иловица

Објавено во: Економија 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По четиричасовната консултативна средба за Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука, што се одржа во Струмица, а со која претседавал премиерот Зоран Заев, со учество на претставници од ресорните министерства, градоначалници и претставници на локални самоуправи, локални заедници и граѓански организации и здруженија, како и технички експерти, претставници на Европскатва и рзвој (ЕБОР) и на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, Владата излезе со соопштение.

Според Владата, заради намалување на ризиците и загриженоста на локалното население во регионот, Еуромакс Рисорсис нема да користи цијанид и сулфурна киселина, туку „помалку штетни хемикалии“, а ќе се формира независно тело за мониторинг, кое ќе врши проверка на секој следен чекор низ претстојните фази.

„Со внимание беа разгледани и економските параметри кои покажуваат дека оваа инвестиција и работата на рудникот ќе учествува со три отсто од БДП во Македонија, и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно, со отворање на 500 директни и 2.700 индиректни вработувања за граѓаните од овој регион“, се вели во соопштението на Владата.

Но, веднаш остро реагираа активистите, претставници на еколошките здруженија кои присуствуваа на средбата.

Костадин Ристоманов од „Еко долина“ од Ново Село, за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека благодарение на премиерот Заев, средбата имала за нив задоволувачки тек, но, соопштението на Владата и објавата на премиерот на неговиот Фејсбук профил, ги шокирале.

„Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ беше недопирлива за прашањата на рудниците и еколошките проблеми, но тогашната опозиција, а сегашна власт, уште на локалните избори нé охрабруваше дека `рудници во земјоделски краеви се нонсенс`. И ние им верувавме. Особено затоа што на средбата ги изнесовме сите наши агрументи и сомневања по кои, сигурен сум, секоја Влада која води сметка за здравјето на граѓаните и за животната средина, би ја одзела концесијата. На средбата, претставниците од Рударско-геолошкиот факултет од Штип и Градежниот факултет од Скопје, како и претставниците на ЕБОР и од фирмата ’Еуромакс’ немаа одговори на нашите прашања, а премиерот Заев предложи заклучоци според кои, двете страни изнеле аргументирани ставови, а консултациите ќе продолжат во август. За тоа постои и видеозапис и аудиоснимка која и ние ја имаме“, дециден е Ристоманов.

„Сепак, според соопштението на Владата, присутните на средбата наводно се согласиле за формирање на некакво тело за мониторинг, што би значело дека и ние еколозите сме за продолжување на постапката за отворање на рудникот. Ние знаеме дека на сите наши неодговорени прашања од надлежните (дали ’Еуромакс навреме ги понел сите документи за барање за дозвола за работа во јули 2016, дали ги обезбедил средствата за обештетување на шумите кои треба да се исечат за рудникот од 12-13 милиони евра, и дали како концесионер има ревидиран основен проект за рудникот), одговорите се негативни. Затоа секојдневно се сретнуваме и најавуваме протестен марш и блокада на патот Струмица - Ново Село и на граничниот премин кон Бугарија. Како и блокада на уште три гранични премини, со еколозите од Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, и во соработка и со еколози од Грција“, рече Ристоманов во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик, и најави и кривични пријави за одговорните лица кои го прекршиле Законот во 2016-та, кога концесионерот барал дозвола за работа.

Активистите жестоко обвинуваат дека Владата дала дозвола „за стартување на геноцидот во Југоистиочниот регион“.

И организацијата „Здрава котлина“ од Струмица најави дека „нема да учествува во никакво мониторинг тело за следење на работата на рудникот, бидејќи не прифаќаме рудник да се отвори.

Според организацијата, сооопштението на Владата е манипулативно поради тоа што тие не дале никаква согласност за учество во било какво тело за отворање на рудник и никогаш нема да имаат заедничка цел со нивниот ’потенцијален гробар’ - „Еуромакс“.

„Наша недвосмислена, директна, единствена и непроменлива цел е рудник во Иловица-Штука да нема. Од таа цел нема да отстапиме никогаш и по ниедна цена и тоа повеќепати сме го нагласувале. И Владата и ’Еуромакс Рисорсис’, а се надеваме и јавноста, конечно ќе сфатат дека ние не се бориме за никакви лични позиции или материјални придобивки, туку исклучиво за сопирање на најголемата опасност во историјата на Струмица и струмичко - Рудникот на смртта Иловица-Штука“, порачуваат од „Здрава котлина“.


Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД