19 Декември, 2025
0.0408

Еуростандард заинтересирана за понудата на Комерцијална банка

Објавено во: Економија 27 Септември, 2019 12:55

Добивај вести на Viber

Еуростандард банка е заинтересирана за понудата од Комерцијална. 

Банката ја известила Комерцијална банка дека нејзините раководни органи ќе соработуваат за овој процес да заврши успешно.

„Еуростандард банка АД Скопје денес ја извести Комерцијална банка АД Скопје во врска со нивното обраќање до нас за првичниот интерес за стекнување со нашите акции.

Акционерите на Еуростандард банка АД Скопје ги задолжија органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите.

Овој процес ги засилува вложувањата на Еуростандард банка АД Скопје во развој на своите услуги и продукти и да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност“, соопшти денеска Еуростандард банка. 

Комерцијална банка вчера објави дека, како што нагласија, во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина. 

„Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, соопштија од Комерцијална банка. 


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии