06 Октомври, 2024
0.0285

ЕУРОСТАТ: Македонците меѓу најсиромашните во Европа!

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во друштво со Албанија и Србија, Македонија е една од трите земји во Eвропа чии граѓани имаат најнизок стандард. Според новите мерења на европската статистика Еуростат, за потрошувачката на граѓаните во земјите членки на ЕУ и замјите кандидати за членство, земјава и лани останува во групата на најсиромашни, со само 36% во однос на европскиот просек. Оваа позиција, која го одразува БДП по глава на жител, односно стандардот, Македонија успеа да ја промени  незначително. Имено, во 2011 та година и 2012 та година, македонскиот стандард бил 34% во однос на европскиот просек, додека во 2013 та година и 2014 та година тој се искачил на 36% во на ЕУ просектот. “Од другите земји кандидати, Црна Гора, Поранешна Југословенска Република Македонија и Србија се помеѓу 60% и 70% под просекот на ЕУ-28. Земјата-кандидатка за ЕУ, Албанија и потенцијалниот кандидат, Босна и Херцеговина имаат ниво на БДП по глава на жител околу 70% под просекот на ЕУ-28“, се наведува во новото мерење на европската статистика. Лани, според БДП по глава на жител, Македонија практично е во друштвото со Албанија, чиј просек е 29% во однос на европскиот, и со Србија чиј БДП по глава на жител е 35% во однос на просекот во ЕУ. Меѓу најбогатите земји и во 2014 та година остануваат Луксембург, Белгија, Германија. “Италија и Шпанија се со БДП по глава на жител помал за 10% под просекот на ЕУ-28. Тука се и економиите на Кипар, Малта, Чешка и Словенија, со помалку од 20% под европскиот просек. Ниво на БДП по глава на жител на Португалија, Словачка, Литванија, Естонија и Грција е помал за 30% во однос просекот на ЕУ-28. Следува групата во која се Унгарија, Полска и Летонија со ниво на БДП помало од 40% под просекот. Земјите-членки на ЕУ како Хрватска и Романија, се речси си на исто ниво со земјата-кандидат Турција, со БДП по глава на жител со просек од 50% во однос на европскиот просек“, се посочува во новиот извештај на европската статистика. Меѓу земјите членки на ЕУ, чии граѓани имаат најнизок стандард во однос на европскиот просек се Бугарија, Хрватска и Романија.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип