Евакуирано училиште во Аеродром поради лажна дојава за бомба
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2015
Денеска во 11 часот во скопското училиште „Блаже Конески“ имало пријава за подметнати бомби.
Бомбите најдени во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром се школски, утврдила полицијата.
Директорот на училиштето Раде Жегарац изјавил дека расчистувајќи го подрумот на училиштето децата нашле торба со две бомби.
„Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за школски и безопасни бомби“, изјавил Жегарац.
Тој посочил дека по еден час учениците биле вратени на редовна настава.
Во СВР Скопје во 11 часот и 10 минути добиле дојава за бомба во ОУ „Блаже Коневски“, по што нивни екипи излегле на терен.