Еве кој дел од манифестот на АСНОМ и пречи на Грција, што предизвика и амандманска измена
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 19:29
Според текстот на вториот нацрт амандман на Уставот, усвоен од Владата согласно Договорот од Преспа и заклучоците на Собранието, во Преамбулата на Уставот се заменуваат зборовите „одлуките на АСНОМ“ со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што кажа премиерот Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција. Во манифестот се повикува на обединување на Македонците под Бугарија и Грција и бришење на границите кои разделиле брат од брат, објави СДК.
„Заради тоа што би предизвикало одредени проблеми тоа ако остане во одредени можни идни времиња на соработката помеѓу Македонија и Грција. Зошто е тоа така? Дел од одлуките на АСНОМ велат Македонци од Грција и Бугарија обединете се. Тоа не е пријателство. Прогласот го нема тој дел“, кажа Заев на вчерашната прес-конференција во Владата.
Делот од Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, кој е спорен за Грција:
Македонци под Бугарија и Грција,
Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




