26 Ноември, 2024
0.0301

Еве го одговорот на „Тетекс“ на корона кризата!

Објавено во: Економија, Корона Вирус 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во годината во која светот го тресе криза од епски размери предизвикана од глобалната здравствена пандемија од корона вирус кој удри по глобалната економија , акционерите на „Тетекс“ поранешен најголем производител на текстил одлучија да поделат две дивиденди. Последната одлука е тазе (од вчера) при што акционерите одлучија да си поделат 374.000 евра од добивки кои биле акумулирани и нераспределени во претходните години. Е па не, ќе и се тресат на короната....

„Тетекс“, најпознатиот текстилен бренд од Македонија, одлучи да подели 374.000 евра дивиденда на последното акционерско собрание одржано вчера, објавено е СЕИ НЕТ системот на Македонската берза. Ова значи дека акционерите на „Тетекс“ годинава ќе поделат две дивиденди  во услови на пандемија од корона вирус и здравстена криза од епски димензии. Претходно акционерите на „Тетекс“ на редовното собрание одлучија да поделат по 33 денари дивиденда по акција. Сега тие одлучија да си поделат во форма на дивиденда уште по 50 денари нето (одоносно 55,5 денари бруто дивиденда по акција).

Од ова ќе се офајди и државната каса во која по основ на персонален данок ќе влезат повеќе од 30.000 евра затоа што огромно мнозинство од акционерите во „Тетекс“ се домашни физички лица (вкупно 1.104 лица кои поседуваат 92,3 отсто од акциите со право на глас н.з.)

Најголем износ на дивиденда ќе добие најголемиот поединечен акционер во „Тетекс“ неговиот долгогодишен генерален директор Глигорие Гоговски. За него нето износот на дивиденда за неговите 52.832 акции е 43.000 евра. Претседателото на Одборот на директори во „Тетекс“ Борислав Трповски ќе добие околу 4.700 евра дивиденда за неговите 5.748 акции, а Драгица Јовановска член на Одборот на директори за нејзините 5.012 акции ќе земе дивиденда од околу 4.000 евра. Останатите 1.101 физичко лице акционери во компанијата меѓу себе ќе поделат околу 285.000 евра.

Цената на акцијата на „Тетекс“ сега изнесува 2.000 денари за акција, а последната трансакција е реализирана на 29 септември годинава. Цената на оваа акција има фантастичен раст во период од шест месеци. Во периодот кога започна пандемијата кај нас акцијата на „Тетекс“ го допре пазарното дно и се тргуваше по најниската цена од 1.262денари на почетокот на април годинава. Сега таа акција се тргува по пазарна цена што е за 60 отсто повисока. Приносот на последната пазарна цена изнесува 2,5 отсто и е за нијанса подобар од приносот на камати на денарски краткорочни депозити.

Р.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво