Eве како да ги избегнете гужвите на Табановце
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2022
На граничниот премин Табановце деновиве има голема гужва, и според АМСМ се чека и по еден час, но како опција патниците можат да го искористат и граничниот премин Пелинце.
Од овој граничен премин објаснуваат дека работат 24 часа, а вчера и денеска имале зголемен проток на возила и патници, и сметаат дека тоа е поради гужвите на Табановце. На преминот минуваат гастарбајтери, но и српски граѓани кои се упатиле на одмор во Грција или се враќаат дома. Транзитираат патници не само од јужна Србија, туку и од Белград, Нови Сад, Крагуевац. Но, овој премин има една лента за влез и една за излез, и поголема фреквенција исто би создала колони. Гужви има и на граничниот премин Богородица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.