ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото
Објавено во: Економија, Финансии, Македонија 01 Декември, 2023 06:30
Од денес стартува евтината тарифа на струјата и доколку сакате да дознаете дали кај вас е активна евтината тарифа, тоа најлесно може да го сторите ако на екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа).
Оваа ознака значи дека сте меѓу првите „привилегирани“ да добиете евтина тарифа, бидејќи од близу 650 илјади броила, срени ќе бидат само 170 илјади корисници, бидејќи тие имаат нови струјомери на далечинска комуникација па веднаш се сетирани. Останатите имаат обични броила кои мора да бидат сетирани рачно и на самото место.
Евтината тарифа беше укината во јануари 2022 година, заради високата цена на струјата. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто. Граѓаните и понатаму ќе користат евтина струја во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




