02 Декември, 2024
0.0284

ЕВЕ КАКО ДЕЦАТА ОД „7 МАРТ“ ГО СЛАВЕА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Облечени во воени униформи, во позиција за пукање и со оружје во рацете

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Учениците од ОУ „7 Март“ во Челопек, со играчки пушки, облечени во воени униформи на УЧК и во позиција за пукање го прославија денот на албанското знаме.

Министерката за образование, Весна Јаневска во саботата објави „Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете. Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа. Ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив. Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза. Спротивно на сите основни начела на педагогијата. Наместо да се бориме за единство, за градење мирна и хармонична училишна средина, која патем треба да биде и основа за градење на мирно и хармонично општество и силна заедничка држава, во 21от век гледаме дека нечии размислувања и идеали се заглавени во некој минат век. Ова е училиште кое, од претходни министри дури и било наградувано со грантови за организирање на активности за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Да, шокантно е, но е вистина! Најавувам дека ќе поведеме соодветна постапка против училиштето. Добивам и информации дека слични активности имало и во други две училишта. И таму ќе постапат инспектори, ја уверувам македонската јавност, вели Јаневска. 

Апелира до сите останати училишта да се оградуваат од вакви активности, да промовираат вистински човечки вредности и да се заложат да градат генерации опремени со знаење, а не со оружје.

-Генерации кои ќе ја сакаат земјата во која се родиле и растат и ќе ги почитуваат другите независно на етничката, верската или каква било друга разлика. Тоа е вистинската цел поради која се отвораат и постојат училиштата! И конечно, ајде заедно да ги славиме личностите и победите низ историјата, имаме кого и имаме што заедничко, а овие училишни приредби се идеално место за тоа. Многу Албанци дале придонес во создавањето на оваа заедничка држава, учествувале во народноослободителната борба, учествувале во понатамошниот развој, во науката, спортот, културата...Споменот за нив треба да нé обединува, вели Јаневска во објавата на Фејсбук. 

View this post on Instagram

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

ЦУК: Туристи останале заглавени во хотелот „Радика“

„ПОЧИВАЈ ВО МИР, ГЕНЕРАЛЕ“: Ковачки се простува од екс началникот на Генералштабот на АРМ, Ѓорѓи Бојаџиев

„ПОЧИВАЈ ВО МИР, ГЕНЕРАЛЕ“: Ковачки се простува од екс началникот на Генералштабот на АРМ, Ѓорѓи Бојаџиев

ЛИДЕРОТ НА ДУЌАНЧИК ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Живее и работи во Дубаи

ЛИДЕРОТ НА ДУЌАНЧИК ТВРДИ ДЕКА Е НЕВИН: Живее и работи во Дубаи

ОСМАНИ ЈА ЧИТА МЕРКЕЛ: Додека чекаше авионот да му полета, се занимаваше читајќи книга

ОСМАНИ ЈА ЧИТА МЕРКЕЛ: Додека чекаше авионот да му полета, се занимаваше читајќи книга

А ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ СО ЗНАМЕТО? Еве што има да каже на таа тема

А ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ СО ЗНАМЕТО? Еве што има да каже на таа тема

УШТЕ ЕДЕН НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО ЗЕМЈАВА: Какво време ќе имаме претстојната недела? Попоски со детали

УШТЕ ЕДЕН НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО ЗЕМЈАВА: Какво време ќе имаме претстојната недела? Попоски со детали

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот