Запалени дуќан на функционер на ДУИ и автомобил на јавен обвинител во Куманово
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024
Синоќа во Куманово изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи. Од ДУИ оценуваат дека се работи за акт на омраза и меѓуетнички поделби и ја повикуваат меѓународната заедница да реагира.
Тој на социјалните мрежи објави дека непознат сторител ја опожарил неговата канцеларија во 03.05 часот.
Запалени се и неколку автомобили, а ДУИ реагира дека пожарите се подметнати. Јакупи повика на брза реакција од надлежните органи.
Еден од изгорените автомобили е на јавен обвинител, потврди Основното јавно обвинителство. Неофицијално, синоќа е запалено возилото на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој претходно во Владата на Никола Груевски бил министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, како кадар на ДУИ.
- Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор, информираа денеска од Јавното обвинителство.
Кумановската пожарна синоќа интервенирала на две возила на улицата „Трст“ и едно возило на улицата „Никола Вапцаров“. Интервенирано е и на пожар на фотокопирница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.