16 Мај, 2024
0.5801

Еве како до поголема заработка

Објавено во: Агробизнис 08 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Овоштарството е најисплатлива земјоделска дејност на нашите простори, тврдат земјоделците.

Тие ги советуваат граѓаните кои имаат имот на село да се одлучат за производство на овошје, бидејќи заработката е сигурна, иако инвестициите на почетокот се многу големи.

Луѓето кои се стручни ви сугерираат во ниту еден случај да не размислувате за житарки, ниту за сточарство, но затоа на пример, јаболките, праските и тоа како можат да донесат солидна заработувачка.

- Досегашната пракса покажа дека најсигурно е јаболкото. А да посадите овоштарник со околу 4.000 садници, на површина од еден хектар, ви требаат околу 50.000 конвертибилни марки. Во таа цена се пресметани и противградните мрежи, како и систем за наводнување. Значи, подигнување на модерен овоштарник е многу скапо – вели Драгоја Дојчиновиќ, претседател на Здружението на луѓе кои одлгедуваат овошје на РС.

Меѓутоа, судејќи според зборовите на лидерот на тие луѓе на РС, трошоците од 50.000 марки, колку што се потребни да се подигне овоштарник, не треба толку да ве плашат, бидејќи помага ресорното министерство.

- Младите луѓе кои сакаат да засадат овоштарник имаат враќање на средствата од 40 отсто за сите капитални инвестиции – вели Дојчиновиќ.

Откако ќе ги вложите средствата и за одржување на овоштарникот ви се потребни неколку илјади марки годишно, но веќе за неколку години се гледа дека залудно не сте го потрошиле својот труд, ниту пак залудно не сте потрошиле од својот домашен буџет.

- Првиот значаен род го имате во третата година, кога можете на еден хектар да добиете од 30 до 40 тони јаболка, чија откупна цена е околу 0,5 КМ по килограм – вели Дојчиновиќ, што значи дека заработката во третата година е тешка од 15.000 до 20.000 марки.

Во четвртата година ќе имате уште подобар род, а еден хектар може да донесе од 60 до 70 тони јаболка, додека тие, кои штотуку ја почнале оваа дејност и не се доволно искусни, можат да планираат нешто потенки приходи. - Младите луѓе кои одгледуваат овошје во таа четврта година можат да сметаат на приходи од 50 до 60 тони – вели Дојчиновиќ, што покажува дека се работи за солидна заработка, бидејќи тие јаболки вредат од 25.000 до 30.000 марки.

Дека овоштарството на нашите простори донесува најголема заработка, се согласува и Стојан Маринковиќ, претседател на Сојузот на здружение на земјоделци производители на РС, кој тврди дека граѓаните, ако сакаат да се занимаваат со конвенционално производство, и тоа како треба да размислат за подигнување на овоштарник.

- Тие кои сакаат да работат на поголема површина на земјиште, треба да размислат за производство на индустриски билки, како чаеви и маслодајни растенија. Што се однесува до животинско производство, кај нас тоа е неблагодарно. На никого не препорачувам да почне да се занимава со сточарство, на пример со тов на јунци, пилиња и свињи, со оглед на огромниот увоз – вели Маринковиќ.

И Љубо Малетиќ, претседател на Здружението на земјоделци од Семберија, вели дека добро е луѓето да се занимаваат со овоштарство, но како задоволувачка опција го издвојува производството на ран зеленчук.

- Луѓето со овоштарници од секогаш биле во предност. Но, што се однесува до житарките, тоа е пропаст, тука секогаш губите – истакна Малетиќ.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС исто така ни потврдија дека овоштарството, покрај пластеничкото производство, е најпрофитабилна земјоделска дејност и потсетуваат на потенцијалните одгледувачи на овошје, на сите поволности кои ги очекуваат.

- Тие можат да сметаат на премија по произведено овошје, но и поттик за подигнување на садници. Исто така, тука е и поддршката за вложување во системи за наводнување и подигнување на противградни мрежи. На располагање им е поттик за инвестиција во земјоделска механизација, како и за капитални инвестиции, како изградба на нови објекти – велат во ресорното министерство.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?