18 Декември, 2025
0.0359

ЕВЕ КОЈ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ТАЈВАН И ЗОШТО ТОА НЕКОМУ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА: Ќе се зачува ли мирот и стабилноста?

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2024 17:30

Добивај вести на Viber

Тајванските гласачи денес го префрлија на власт кандидатот за претседател на владејачката Демократска напредна партија (ДПП), актуелниот потпретседател на земјата Лаи Чинг-те, пркосејќи им на кинеските предупредувања да не гласаат за него на изборите што Пекинг ги опиша како избор меѓу војна и мир.

Претседателот на ДПП Лаи Чинг-те, кој се залага за посебен идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, по неговата победа рече дека се надева на враќање на „здравите и уредни“ размени со Кина, повторувајќи ја својата желба за разговори врз основа на почит и еднаквост.

Противници на Лаи беа Хоу Ју-их од најголемата тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ) и поранешниот градоначалник на Тајпеј Ко Вен-је од малата Тајванска народна партија, основана во 2019 година.

И двајцата го признаа поразот, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Кинески балони над Тајван

Пред изборите, Кина го осуди Лаи како опасен сепаратист, велејќи дека секое движење кон официјалната независност на Тајван би значело војна и ги отфрли повиците на Лаи за разговори.

Лаи вели дека е посветен на зачувување на мирот и статус квото преку Тајванскиот теснец и зајакнување на одбраната на островот.

Тајван се смета за пример за успешна демократија откако ги одржа првите директни претседателски избори во 1996 година, по децении авторитарно владеење.

Тајванското Министерство за одбрана во саботата наутро соопшти дека повторно забележало кинески балони како минуваат низ теснецот, а еден од нив го прелетал Тајван. Министерството ја осуди серијата балони кои летаа низ теснецот во изминатите месеци како психолошка војна и закана за воздушниот сообраќај.

Според уставот, на претседателот Цаи Инг-вен повеќе не му беше дозволено да се кандидира за функцијата по два мандати.


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина