09 Октомври, 2024
0.0266

ЕВЕ КОЛКУ ТЕЖИ НАЈМОЌНИОТ ПАР ВО УНГАРИЈА: Зетот и ќерката на Орбан вредат стотици милиони, а штотуку купија 11 згради во Белград

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Иштван Тиборц, зет на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неодамна стана тема број еден на медиумите во Србија бидејќи купил дури 11 згради во Белград. Тој со години е еден од најпознатите луѓе во Унгарија, а тој и неговата сопруга Рахел, најстарата ќерка на Виктор Орбан, се најмоќната двојка во оваа земја.

Тиборц е роден на 23 јуни 1986 година и е доминантен сопственик на групацијата компании за капитални инвестиции и развој на недвижности BDPST Group. Во рангирањето на 100-те најбогати луѓе за 2023 година, тој е 25-та најбогата и 15-та највлијателна личност во Унгарија. Како капитален инвеститор го има приматот во сегментите на туристички недвижности и развој на хотели, финансиски услуги, меѓународен и домашен транспорт на стоки и комплексна логистика.

Сепак, неговата кариера е проследена и со контроверзи токму поради неговата поврзаност со Виктор Орбан. Нашироко се шпекулира дека по доаѓањето на Виктор Орбан на власт во 2010 година, тој го стекнал своето богатство преку државни провизии, наместени тендери и договори со државата.

Неговото семејство никогаш не ги криело своите врски со Фидес, партијата на Виктор Орбан, и под негово владеење е создадена групата BDPST.

Компанијата е основана во август 2015 година. Се занимава со капитални инвестиции, инвестиции во недвижен имот, реновирање на споменици, развој и работа на канцеларии и хотели, а исто така влезе во финансискиот сектор во 2021 година и во логистичкиот сектор во 2022 година.

Во претходните години, Тиборц беше цел на регулаторните органи на Европската унија, поради бизнисот што го добиваше со државата и сомнителните злоупотреби. Тој отсекогаш ги негираше сите обвинувања и еднаш дури изјави дека сфатил дека не може да напредува како бизнисмен затоа што е зет на Виктор Орбан и „луѓето секогаш се сомневаат во непотизам“.

Најстарата ќерка

Тиборц е оженет со најстарата ќерка на Орбан Рахел. Таа е родена на 18 мај 1989 година и е најстарата од петте деца. Завршила гимназија Варосмајор.

Во летото 2006 година завршила семестар на Универзитетот во Сиена, а во 2007 година била примена на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, насока туризам и угостителство. Во пролетта 2008 г. студирала на Универзитетот Сорбона во Париз. Дипломирала туризам и хотелски менаџмент во 2013 година. Од 2012 до 2014 година работи во хотелот Кемпински Корвинус на позицијата менаџер за продажба.

Рахел е една од највлијателните луѓе во Унгарија, особено во трговската индустрија. Во 2019 година, нејзиниот имот беше проценет на 108 милиони евра, што ја прави една од најбогатите Унгарки. Исто како и нејзиниот сопруг Иштван.

Таа во јавноста е позната и како „малечката од скандали“. Таа често е обвинета за финансиски малверзации, како и Тиборц.

Таа неколку пати се појавуваше на државни состаноци, како претставник на Унгарија, иако не е функционер на таа земја. Ова не им избега на медиумите, но и на меѓународната заедница.

ФОТО:Фејсбук/Виктор Орбан

Можеби ќе ве интересира

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?