03 Декември, 2024
0.0250

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

Објавено во: Свет 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин целосно срамни со земја една од неговите палати, наводно поради страв да не престојува таму, бидејќи резиденцијата е во домет на украински беспилотни летала. Според новата истрага на независниот медиум Проект, пишува Дејли мејл, Путин „искрено се плаши“ дека би можел да стане цел на напад со беспилотно летало контролиран од Киев.

Во последниве години, Путин често престојуваше во Бочаров Ручеј (Бочаров Поток), резиденција со поглед на Црното Море во Сочи. Меѓутоа, палатата ненадејно била урната со булдожер, а новите сателитски снимки до кои дошол Проект покажуваат дека сега на тоа место има голема јама.

Во извештајот се тврди дека Путин ги избегнува Сочи и регионот Краснодар уште од минатата година, кога украинските беспилотни летала ги интензивираа нападите на руска територија. Украинските воздушни напади погодија различни цели во областа Сочи и Геленџик, што го натера Путин да престане да ги посетува овие региони и покрај софистицираните системи за противвоздушна одбрана кои ги штитат неговите резиденции.

Демолирана во февруари

Палатата Бочаров Ручеј беше урната во текот на февруари и март годинава. Иако резиденцијата беше целосно уништена, во извештајот на Проект се истакнува дека остануваат многу неодговорени прашања.

„Прво, зошто беше потребно да се урне луксузна резиденција која е реновирана пред 10 години? Одговорот е веројатно очигледен... Поради нападите со беспилотни летала, претседателот се плаши да биде на брегот на Црното Море на територијата Краснодар, “, се наведува во извештајот.

Се шпекулира и дека Путин го срушил Ручеј на Бочар со намера на истото место да изгради нова, уште полуксузна палата, која би можела да содржи побезбедни бункери. Според Проект, руската јавност не била информирана за уривањето на Ручеј на Бочар бидејќи резиденциите на Путин се наоѓаат во заштитени подрачја.

фото: Проект

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото